Се модернизира улицата „Модест Мусоргски“ во Гази Баба


Улицата „Модест Мусоргски“ во Триангла добива нов урбан и модерен лик. – За кратко од денес започнува целосна реконструкција и ревитализација на улицата Модест Мусоргски во Триангла. Оваа улица е изградена по земјотресот во 1963 година и по 60 години истата ќе добие нов модерен и урбан лик – напиша градоначалникот Бобан Стефковски на Фејсбук. […]

Непријатниот мирис и чад што се шират во Аеродром доаѓаат од околината на градот


По реакциите од страна на граѓаните на Општина Аеродром за непријатниот мирис кој се шири на територијата на општината, општинските инспектори вчера попладне излегле на терен, при што затекнале пожар во близина на препумпната станица „Лисиче“, а истиот бил веднаш локализиран од страна на противпожарната служба. Но, од општината велат дека овој пожар не претставува […]

МНР и околината без вода поради дефект


Поради санирање на дефект на улицата „Филип Втори“, водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од Министерството за надворешни работи и „А1“ комплекс, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Засегнатите ќе немаат вода за пиење до завршување на работите. 

Времена измена на сообраќајниот режим поради градежни активности во „Гранд Скопје“


МГ Фешн ја известува јавноста дека на ден 11.09.2023 година (понеделник) и 12.09.2023 година (вторник), поради градежни активности, по 18:00 часот ќе се направи времена измена на режимот на сообраќај во реонот: ул. „Васил Аџиларски“, река Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“.  Градежните работи се преземаат по претходно утврден сообраќаен проект.  Се работи […]

Без вода делови од Хиподром, Маџари и Трубарево


Поради дефект на шибер од Ф-100 мм на ул.„Жан Жорес“ бб, од 10 часот без вода или со намален притисок ќе бидат корисниците во дел од населбите Хиподром и Маџари, како и селото Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Влада


 Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. – Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот […]

Поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12.09.2023 година (вторник), во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Од тие […]

Зад хотелот „Белви“ гори трска, огнот се шири кон Арачиново


Гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје, информацијата ја потврдуваат и од Центарот за управување со кризи. Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов запалена е трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Чадот, како што информираат […]

Во Скопје терестрична дезинсекција против комарци


Од денеска до 15 септември на подрачјето на град Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против комарци. Прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден.  Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Град […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради состанокот Брдо – Бриони


Во Скопје денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим поради лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони, соопшти МВР. -Во текот на овие два дена во официјална посета на Република Северна Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се […]

„Митската авантура” по повод Денови на европското наследство


Во организација на Јуроп хаус Скопје во партнерство со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, денеска во Градскиот парк – Скопје ќе се одржи настан „Митската авантура – скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш”, интерактивно гамифицирано социјално искуство наменето за деца и млади. Домаќин на настанот ќе биде м-р […]

Утре посебен сообраќен режим во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 09.09.2023 (сабота), поради меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Од тие причини, сообраќајот по сообраќајниците околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се […]

Од понеделник во Скопје започнува петтата фаза на дезинсекција


Град Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.09.2023 година ќе се спроведе петтата фаза од прскањето од земја против возрасни форми на комарци. Прскањето од земја ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, […]

Кино на отворено со „Медена земја“ во Градски парк


 Филмска вечер на отворено со проекцијата на „Медена земја“ ќе биде одржана вечер кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк во Скопје. Киното на отворено, што го организира Град Скопје, е можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето. Проекцијата на филмот „Медена земја“ од режисерите Тамара Котевска […]

Жичницата на Водно, за празникот, по неделен возен ред


ЈСП Скопје информира дека во петок (8.09.2023 год), поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон […]

Прв фестивал за миленици- Скопје пет фест 


На 17 септември во Градскиот парк во Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје пет фест“- најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.  Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни […]

(Видео) Во Гази Баба урнаа деловен објект – дивоградба, ќе се гради градинка


Денеска, инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за Внатрешни работи извршија рушење на безправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково.   На рушењето покрај инспекциските служби присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој вели дека никој не е над Законот.     – Нема да дозволам урбаната […]

Се регулира дивиот паркинг зад Народна банка 


Општина Центар го проширува и го регулира дивиот паркинг зад Народна банка. Станува збор за див паркинг со оштетен асфалт на кој со безредие се паркираа автомобили често блокирајќи се едни со други.  Општина Центар го гребе стариот и испукан асфалт, го проширува паркингот на околу 3.000 метри квадратни со што ќе обезбеди паркинг места […]

Без струја делови од село Ново Село, Хром, Усје, Драчево и Зелениково, без вода делови од Карпош и Чаир


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од село Ново Село, Општина Ѓорче Петров, населбите Хром, Усје, Драчево и дел од село Зелениково. Прекинато пак водоснабдување денеска ќе имаат корисниците во Скопје […]

Обновено игралиштето во Капиштец близу Т.Ц Зебра


Ново модерно детско игралиште со седум нови реквизити добиваат децата од населбата Капиштец близу Т.Ц Зебра. Новите реквизити се поставени на место на постојното кое беше дотраено и многу оштетено. Покрај новите елементи поставена е нова детска ограда и гумена подлога за побезбедна детска игра.  Новите реквизити се донација која Општина Центар на 26-та седница […]