Без електрична енергија делови од општините Шуто Оризари, Сарај, Илинден и Карпош


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Шуто Оризари, Сарај, Илинден и Карпош.

Како што соопшти РЦУК Скопје, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улиците „Индира Ганди“, „Хаџи Јован Шишов“ и „Тиквешка“,  Амбулантата и градинката „8-ми Април“ во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 8:30 до 15 часот струја ќе немаат корисниците на дел од Петровец, објектите што се наоѓаат по патот за Огњанци, село Кожле, фазанерија Јасен, село Блаце, дел од Катланово, објектите накај Тотинци, село Огњанци и село Бадар во општина Илинден.

Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 9:45 до 11:30 часот  без струја ќе биде и дел од село Крушопек во општина Сарај, а во периодот од 10:00 до 12:00 часот  корисниците од ул.„Козле“ – зградите спроти бензиска пумпа на Макпетрол во општина Карпош.