(Фото/видео) Гори автомобил кај Железничката станица во Скопје


Вечерва, се запали автомобил во близина на Железничката станица во Скопје.

Според жителите од околните згради, најпрво нешто пукнало, а потоа се забележал густ, црн чад.

Полицијата е на местото каде се запалил автомобилот и се врши увид за да се утврдат причините. 

Не се знае зошто се случил пожарот, ниту дали некој е повреден.