Администрацијата на Карпош ќе се вози со електрични тротинети


Општина Карпош, со издвоени средства од буџетот набави седум нови електрични тротинети кои ќе бидат користени од страна на општинската администрација за работни потреби.

– На овој начин, вработените во Општината,кои согласно работните задачи, мобилно се движат на територијата на локалната самоуправа ќе имаат практични, економични и ефикасни превозни средства кои воопшто не придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух, велат од локалната сампуправа на Карпош. 

Согласно буџетските ставки и потребите на општинската администрација, Општина Карпош и во иднина ќе набавува вакви електрични тротинети, додаваат оттаму.