„Фестивал на чај“, со лековити билки, есенцијални масла, кинески церемонии и ботаничка градина во Скопје


Со слоганот „Ослободете ја моќта на билките“ на 17 ноември, во 10 часот ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“ на кој ќе се претстават 30-тина учесници и ќе трае до 19 ноември. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол. Во најголем […]

Отворени денови со граѓаните на Скопје за социјални прашања


Меѓуопштинскиот центар за социјална работа (МЦСР) на град Скопје во соработка со општините организира отворени денови со граѓаните на град Скопје и приградските општини кои користат услуги од социјална сфера од ЦСР, за појаснување на правата и услугите на граѓаните за социјални прашања. Отворените денови ќе се реализираат до крајот на 2023 година во просториите […]

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект […]

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош


Отровна материја е расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.  Преку Регионалниот […]

Отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии


 Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа приближно 150 кубни метри неправилно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Центар и во Бутел. Како што соопшти Јавното претпријатие, во рамките на активностите е комплетно расчистен реонот околу Градските гробишта во Бутел, каде се […]

Без струја делови од Центар, Катланово, Петровец и Страчинци


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека, според известување од ЕВН,  без електрична енергија денеска ќе бидат кориснци од неколку населени места во околината на Скопје, поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. Од 8:30 до 15 часот струја ќе немаат корисници од Катланово: Тотинци, Бадар, Кожле, ЗИК Фазанерија, фирмите „Арадико“ и […]

Владата даде поддршка за воведување брз автобуски превоз во Скопје


Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира. Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, […]

Поради министерскиот состанок на ОБСЕ, 30 ноември неработен ден во Скопје


За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи. […]

Автобусите на ЈСП нема да запрат – советниците одобрија субвенции


  Со 24 гласови „за“, два „против“ и без воздржани советниците на Град Скопје му ги одобрија парите на Јавното сообраќајно претпријатие во висина од 110 милиони денари, пари кои и онака беа предвидени во Буџетот на Градот за таа намена. Двајца од советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, а другите не гласаа. Претходно се водеше […]

„’Мицковизмот’ е рак-рана на македонското општество“: Арсовска се појави во Советот на Скопје


  Иста мета, иста реторика, исто растојание. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по подолго време се појави на седница на Советот на Град Скопје и настаните повторно заличија на оние претстави пред повеќе месеци кога таа беше обвинувана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а таа им возвраќаше без пардон. Иако ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа нејзината кандидатура и […]

И Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство со едукативни работилници во основните училишта во организација на „Макпетрол“


Работилниците против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“ ги организира во рамки на едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“ наскоро ќе се одржуваат и во десет основни училишта во скопската општина Карпош. Членот на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денеска потпиша меморандум за соработка со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со […]

(Во живо) Ќе доделат ли градските советници пари на ЈСП – се чека Арсовска која најавила присуство


ЈСП СКопје неколкупати до сега бараше дополнителни субвенции од Градот, но градските советници не дозволуваа дополнителни 100 милиони денари за неппречено функционирање на јавното сообраќајно претпријатие. Дали тоа ќе го направат денеска, за да не се доведеме до ситуација како лани, да нема превоз, да се штрајкува, а пари да се доделат два дена пред […]

Жена скокна од терасата на ГТЦ, МВР со детали (Фото)


Женско лице пред малку падна или скокна од терасата на Градскиот трговски центар и паднала пред влезот од страната на Плоштад Македонија, објави 24инфо. Како што објави порталот од очевидци, жената се премислувала неколку пати дали да скокне или не, па едно момче се обидело да ја фати пред да скокне, но не успеало. Според истите информации жената […]

Тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“


 Регионалниот ЦУК – Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила за денешно тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“ – во зграда А. Тестирањето ќе се одвива во период од 11 до 12 часот. – ЦУК известува за сервисна информација што би спречила можна локална паника. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна опрема и […]

Антонио Грујевски добитик на првата награда од конкурсот „Скопје на новата генерација”


Антонио Грујевски со неговиот проект „Лотос за неа: Одржлива оаза во градскиот парк во Скопје“ го доби првото место на конкурсот „Скопје на новата генерација”, организиран од страна на Јуроп Хаус Скопје. Конкурсот беше отворен за млади архитекти и урбани планери кои имаа задача да придонесат за повторно замислување на урбаното ткиво на Скопје. Во […]

Утре без струја дел од општините Бутел, Студеничани и Гази Баба


Поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат делови од општините Бутел, Студеничани и Гази Баба. Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул: „Скоевска“ бр. 129, бр. 131 и бр. 133 во населба Радишани, општина Бутел. -Од 9:00 до […]

Училиштата од Ѓорче Петров се приклучуваат во кампањата против врсничко насилство на „Макпетрол“


Шест основни училишта од скопската општина Ѓорче Петров стануваат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ насочена кон решавање на проблемите поврзани со врсничко насилство меѓу децата и младите. Преку едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ во овие училишта ќе организира работилници што ги води психотерапевт со практично искуство за оваа тема, на […]

Карпош ќе даде 5.000 евра поддршка за прифатилиште за кучиња


По презентацијата на проектот за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни на територијата на Карпош, која минатата седница пред советниците ја образложија претставниците на здружението „Шепасти ентузијасти“, членовите на Советот на општина Карпош на последната одржана седница одлучија да ја поддржат иницијативата. Според иницијативата општина Карпош ќе донира 300.000 денари за реализација на […]

„Ослободете ја моќта на билките“ – фестивал на чај, лековити билки и есенцијални масла во Сити мол


  Во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол, од 17 до 19 ноември ќе се одржи „Фестивал на чај“, под слоганот „Ослободете ја моќта на билките“.  На тридневниот фестивал на чајот на кој ќе се претстават 30-тина учесници, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви […]

Јуроп Хаус го слави роденденот со архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“


Во знак на 60-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес,  во Централна Пошта Скопје денеска ќе биде отворена архитектонска изложба. Изложбата произлезе од конкурсот „Скопје на новата генерација“, организирана од страна на Јуроп Хаус Скопје. Како што соопштуваат организаторите, поставката официјално ќе биде отворена во 18:30 часот од страна на шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, […]