Вчера се трагаше по лице кое се лизнало и паднало на Водно


Фото: Б. Грданоски

Регионалниот ЦУК Скопје, извести дека од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, при што родителот побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал. Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да се наоѓа синот. Од ЦУК веднаш биле известени службите од Црвен Крст за натамошна постапка.

Во 14:55 часот од страна на Црвен Крст е добиено известување дека лицето е лоцирано и дека веќе е со неговиот родител на Средно Водно и дека се е успешно завршено, додаваат од ЦУК.  

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.647 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 37,95%, а 62,05% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 44,63%, кон Итната медицинска помош 47,11%, a кон пожарникарите 2,48% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 5,79% со другите 62,05% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.036 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање.

Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, велат од ЦУК.