Во тек осветување на водите на реката Вардар во Скопје (видео)


Фото: Б. Грданоски

Во Скопје во тек е осветувањето на водите на реката Вардар по што околу пладне се очекува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан да го положи осветениот крст во водите на реката Вардар.

Годината, пријавени се 157 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар.

Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици почне во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.

По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“.

 

На чинот на осветување на водите на реката Вардар присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.