Вонредна по вонредна седница, во 15.30 наново гласање за субвенциите за ЈСП


Драмата во Град Скопје околку изгласувањето на субвенциите предвидени за ЈСП продолжува. Веднаш по завршуањето на вонредната седница, на која за еден советнички глас не беше изгласана помошта, односно субвенциите за ЈСП „Скопје“, дел од советниците поднесоа барање за уште една вонредна седница. 

Вработените кои дојдоа се со цел да направат притисок врз советниците да ја изгласаат одлуката за ЈСП остануваат пред бараките на градот да ја чекаат новата вонредна седница.

Според Стојановски, вработените остануваат пред Град Скопје.

„Ќе чекаме вонредна седница. Ако нема седница на град Скопје, ќе нема јавен превоз“, порача Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје.

Од синдикатот велат дека се бараат гласови, а плата не им даваат и дека нема да дозволат народот да пати.
 

„Без коментар сме, немаат ни душа , ни срце, ништо немаат тие луѓе внатре. Бараат гласови, а плати не даваат, срам да име, како ќе им објаснат на нивните жени и деца дека не дале субвенции за плата на вработените од ЈСП. Нема да дозволиме овој народ да пати, они нека си се караат мегу себе“, дополнија од синдикатот.

Новата вонредна седница, не ни почна, а координаторката на советничката група на СДСМ, Јанчева, побара пауза. Сега се очекува вонредната седница да почне во 15.30 часот. 

Потреба од нова вонредна седница, која ќе се одржи без расправа, се јави откако наводно, некој од отсутните советници се јавил дека ќе дојде за да гласа, па да се соберат потребните најмалку 23 гласа, за позитивна одлука за субвенциите. 

Во спротивно, скопјани најверојатно ќе останат без јавен превоз и понатаму, а вработените во ЈСП без плата.