Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово“


Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово” во Општина Бутел. Се очекува завршување на правните процедури од локалната власт, по што од септември се очекува да почне со настава. Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој денеска беше во посета на училиштето, објектот ќе може да прими околу илјада ученици од трите скопски општини Бутел, Чаир и Шуто […]

Се огласија од „Ист гејт мол“: Во трговскиот немаше посетители за време на пожарот


По информацијата за пожар во „Ист гејт мол“  кој се случи денес во 9 часот и 30 минути, од трговскиот центар информираат дека  техничките служби заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот и навремено го спречија неговото ширење. – Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за […]

Вкупно 28 случаи на голема кашлица во Скопје, за шест дена вакцинирани 1.421


Вкупно 28 случаи на пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, се евидентирани на територија на Скопје до утрово, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Комисијата за заразни болести, меѓу другото, донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје. Според податоците добиени од Министерството за здравство, само од […]

Пожар во ресторан во Ист гејт мол


Утрово избувнал пожар во Ист Гејт Мол, по што трговскиот центар морал да биде евакуиран. Се вклучиле и алармите за пожар. Според информациите на медиумите, пожар избувнал во еден од рестораните на првиот кат, каде што има бројни посетители и каде што се поставени столчињата и масите за јадење. Пожарот избувнал утрово во трговскиот центар […]

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасади


Oпштина Центар денеска го објави Јавниот повик за пријавување на заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или заедница на сопственици од подрачјето на општината за реконструкција на фасадите на нивните станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно […]

Без вода Трнодол, Батинци и ул „50-та Дивизија“


Поради изведување на водоводен приклучок на ул. „Нерешка“ 15, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од населба Трнодол.   Водоснабдувањето e прекинато од 9 часот до завршување со работните активности, соопштија од „Водовод и канализација“.    Исто така, поради уличен дефект ф-90 мм на ул. „1“ бб Батинци (во близина на […]

ЦУП: Врз која законска одредба Општина Карпош објавува јавен повик за субвенции за возачки дозволи?


Центарот за управување со промени го анализираше јавниот повик на општина Карпош за доделување на субвенции за полагање на возачка дозвола. Во нивната анализа се вели дека општината нема никаде објавено јавен повик во форма на управен акт, ниту пак одлука на советот на Општина Карпош со која се утврдува оваа надлежност на Општината да […]

Гази Баба дава субвенции за инвертери


Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.   За јавниот повик, информираше градоначалникот на општина Гази Баба на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:   – Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди. […]

Дрва и гранки насобрани под мостот кај Јурумлери – Вардар може да се излее!


Дрвена маса, дрвја и гранки го сопираат водотекот на вардар кај Јурумлери, на границата меѓу Општините Аеродром и Гази Баба. Доколку не се отстранат овие ѓубришта, можно е да доојде до поплавување на околното земјите сега, кога се очекуваат пролетни дождови предупредуваат од Центарот за управување со кризи. Известени се двете општнии и побарано е […]

Без струја делови од Центар и Чучер Сандево, без вода централното градско подрачје


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Славејко Арсов“ и „Рилски Конгрес“ во Општина Центар. Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Горно Оризари и каменоломот на „Гранит“ во општина Чучер Сандево. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани […]

(Фото) Колони возила чекаат налепница со „НМК“ на регистрациите во АМСМ


Во станицата за технички преглед на возилата на АМСМ, во центарот на Скопје, колонии возила чекаат ред за да добијат налепница со „НМК“, на регистарските табличка, откако МВР вчера најави дека ќе се смета оти возачите возат без возачка дозвола, ако не им е сменета со новото име на државата.  Поставувањето на налепниците оди брзо, […]

Без вода дел од село Рашче


 Поради водоводен уличен дефект, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул.3 во село Рашче, соопшти ЈП Водовод и каналзиација Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Скопје ќе има вода! Неовластено лице ширело неточни информации


Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето. За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради […]

Утре без вода половина Скопје и околните села – се поправа главната водоводна цевка Рашче


На ден 11.02.2024 година (недела) од 17 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места: – Арнакија – Сарај – Глумово – Горна Матка – Долна Матка – Ѓорче Петров – Влае – Карпош – Жданец – Нерези – Центар – […]

Се знае кој ќе го спроведува проектот „Смарт Аеродром“


Паметните светилки, бесплатниот интернет и изнајмувањето велосипеди и тротинети, односно ветувањата и заложбите за попаметна општина стануваат реалност и тоа за прв пат во Аеродром. Општината Аеродром преку повик за јавно – приватно партнерство ја избра компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“ која во следниот период има обврска да го спроведе проектот „Смарт Аеродром“. Станува збор за […]

Почнува шестдневен „Базар на љубовта и виното“ во Скопје


Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“. На базарот, учество ќе земат преку 50-тина ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали […]

Без вода дел од Центар, со намален притисок Карпош 3


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска без вода ќе бидат жителите на Маџир Маало и корисниците од улицата „11 Октомври“ во Општина Центар, а со намален притисок ќе бидат жителите од населба Карпош 3. Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на кеј „13 Ноември“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир […]

Целосна реконструкција на стадионот „ССК“ во Драчево


Почнува целосна обнова на стадионот „ССК“ во Драчево. По иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројните заложби за овозможување современи услови за спортистите кои тука тренираат и се натпреваруваат, почнува инвестиција овозможена од ФФМ, која во првата фаза ќе чини 8,5 милиони денари. Како што информира Општина Кисела Вода, спортскиот терен […]

Гази Баба дава субвенции за сончеви колектори


Општина Гази Баба оваа година за прв пат ја реализира мерката за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори за што објавен e и јавен повик.   За јавниот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.   „За прв […]

Меџити ќе потпише прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје


Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со […]