Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово“


Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово” во Општина Бутел. Се очекува завршување на правните процедури од локалната власт, по што од септември се очекува да почне со настава.

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој денеска беше во посета на училиштето, објектот ќе може да прими околу илјада ученици од трите скопски општини Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Од страна на Владата преку МОН за изградбата на училиштето беа обезбедени 110 милиони денари.