Скопје ќе има вода! Неовластено лице ширело неточни информации


Фото: Б. Грданоски

Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето.

За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.

Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.

Со вакво соопштение „Водовод и канализација“, ноќва, ја разреши дилемата дали утре главниот град ќе остане без вода или не.

На нивниот Фејбук профил, претходно беше објавено дека речиси цел град утре ќе нема вода поради интервенција на главната водоводна цевка Рашче, што требаше да почне по 17 часот. Некои населби, според соопштението, требаше да немаат само притисок на водата. Сепак, по некое време, го тргнаа сооптението од страницата.