(Фото) Колони возила чекаат налепница со „НМК“ на регистрациите во АМСМ


Во станицата за технички преглед на возилата на АМСМ, во центарот на Скопје, колонии возила чекаат ред за да добијат налепница со „НМК“, на регистарските табличка, откако МВР вчера најави дека ќе се смета оти возачите возат без возачка дозвола, ако не им е сменета со новото име на државата. 

Поставувањето на налепниците оди брзо, но поради бројноста на возилата, таа колона е подолга. Во другата се чека за технички преглед.

Според вработени, налепници имаат, а според одлуката на МВР, налепниците треба да ги става контролор, а возачите да дојдат со возилото и со сообраќајна дозвола, тие направиле ред, за да нема застој. 

Во дел од станиците за тегхнички преглед низ Скопје, налепници уште нема, па возачите за тоа беа известени со залепено ливче на влезните врати.

Инаку вчера Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе постапува согласно закон и апелирше до граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија и за возење низ државава.