Утре без вода половина Скопје и околните села – се поправа главната водоводна цевка Рашче


На ден 11.02.2024 година (недела) од 17 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места:
– Арнакија
– Сарај
– Глумово
– Горна Матка
– Долна Матка
– Ѓорче Петров
– Влае
– Карпош
– Жданец
– Нерези
– Центар
– Клинички Центар
– Кисела Вода
– Усје
– Пинтија
– Драчево
– Батинци
– Студеничани
– Моране
– Дел од Гази Баба
– Чаир
– Скопје Север
– Топаанско Поле
– Автокоманда и
– Аеродром