ЦУП: Врз која законска одредба Општина Карпош објавува јавен повик за субвенции за возачки дозволи?


Фото: Б. Грданоски

Центарот за управување со промени го анализираше јавниот повик на општина Карпош за доделување на субвенции за полагање на возачка дозвола. Во нивната анализа се вели дека општината нема никаде објавено јавен повик во форма на управен акт, ниту пак одлука на советот на Општина Карпош со која се утврдува оваа надлежност на Општината да субвенционира обуки за возачка дозвола. Не е спомнат ниту архивскиот број на овие акти.

Од таму од ЦУП велат дека не може да се утврди врз основа на која законска одредба Општината гообјавува јавниот повик, за кој има одделено 7.000.000 денари (113.636 евра) од општинскиот буџет. Од ЦУП направиле увид во службениците гласници на Општина Карпош за последните 4 месеци, каде не усепале да забележат ниту една одлука на Советот на Општината со која се утврдува надлежноста на општината и следствено одделување на средства од општинскиот буџет.

За ЦУП е проблематично и како е составена листата од 7 авто-школи кај кои апликантите треба да имаат уплатено за полагање за возачки дозволи, со цел да бидат подобни за добивање на субвенции. На јавниот повик на веб страницата на Општината нема ниту наведено архивски број на одлука со која се избираат овие авто-школи или број на Службен гласник на Општината во кој е содржана ваквата одлука.

– “Другите општини немаат објавено ваков јавен повик, што јасно се поставува прашањето, зошто токму Општина Карпош има потреба од ваква мерка? Исто така, непостоење на ваква мерка во другите општини, ги става во нееднаква положба младите луѓе од тие општини. Дополнително, секогаш постои дилемата зошто токму вакви јавни повици се објавуваат непосредно пред избори се вели во извештајот

Од нивната анализа ЦУП заклучува дека:

– Општина Карпош очигледно црпи имплицитно дискреционо овластување за доделување на финансиски средства за оваа цел од некоја општа/широка законска одредба, бидејќи ваква експлицитна одредба не постои во Законот за локална самоуправа4. Па, така, општината сама си доделила надлежност и ова е најголемата дискреција, која општинскиот буџет го чини 7.000.000 денари (113.636 евра).

– Општина Карпош нема утврдено рокови за постапување на општината, што значи дека оваа постапка може да трае неразумно долго, колку што службениците ценат дека е потребно. Иако општините се обврзани со Законот за општа управна постапка5, но тоа треба општината да го направи експлицитно и видливо во својот јавен повик.

– Општина Карпош нема наведено како се избрани седумте авто школи кај кои апликантите терба да бидат запишани за да бидат подобни за рефундирање на средства. Ова може да влијае негативно врз конкуренцијата на пазарот, бидејќи не е јасно како овие седум авто-школи се селектирани, дали исполниле одредени критериуми и кои се тие критериуми, како и дали се избрани преку пропишана постапка која ќе гарантира и право на жалба за одбиените субјекти/правни лица. Доколку не постоела ваква постапка, тоа значи дека Општина Карпош овие седум сибјекти ги третира поповолно од останатите, со што сериозно ја нарушува конкуренцијата и претставува сериозен ризик од корупција и дискриминација на субјектите.