Дрва и гранки насобрани под мостот кај Јурумлери – Вардар може да се излее!


Дрвена маса, дрвја и гранки го сопираат водотекот на вардар кај Јурумлери, на границата меѓу Општините Аеродром и Гази Баба. Доколку не се отстранат овие ѓубришта, можно е да доојде до поплавување на околното земјите сега, кога се очекуваат пролетни дождови предупредуваат од Центарот за управување со кризи. Известени се двете општнии и побарано е од нив да се зафатат со расчистување, затоа што насобраната маса врши притисок на столбовите на мостот.

– Преку единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од АД „Водостопанство“ е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација меѓу селата Јурумлери (Општина Гази Баба) и Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Според пријавата, насобраните дрва и гранки на столбовите претставуваат опасност од излевање на реката и вршат притисок на носечките столбови на мостот заради што е потребно активирање на соодветна механизација за решавање на проблемот – соопштија од ЦУК утрово..

ЦУК наведува дека за проблемот се информирани надлежните служби на општините  Аеродром и Гази Баба и АД „Водостопанство“ за расчистување на дрвената маса под мостот. 

– Следи период од можни пролетни врнежи, па опасноста по мостот заради притисокот на солбовите од мостот и опасноста од заезерување над и околу мостот ќе биде поголема, потсетуваат од ЦУК.