Без вода Трнодол, Батинци и ул „50-та Дивизија“


Поради изведување на водоводен приклучок на ул. „Нерешка“ 15, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од населба Трнодол.
 
Водоснабдувањето e прекинато од 9 часот до завршување со работните активности, соопштија од „Водовод и канализација“. 
 
Исто така, поради уличен дефект ф-90 мм на ул. „1“ бб Батинци (во близина на “Адра„) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
 
Водоснабдувањето e прекинато од 9.20 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.
 

Поради дефект на приклучна цевка на ул. „ 50-та Дивизија“ бр. 24, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Од ЈП @Водовод и канализација# –  Скопје соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.