„Лајка“ започнува со едукативен караван низ скопските училишта


Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „Лајка” Скопје започнува едукативен караван во скопските училишта на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик” на која децата ќе имаат можност да се едуцираат и да […]

Отворена сензорна соба во „Здравко Цветковски“


Со проектот за поддршка за средношколците со попреченост, се отвори првата сензорна соба во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“. Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со […]

Скопјанка паднала во автобус на ЈСП, тешко е повредена


Повозрасна скопјанка е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП.  – На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата.   Извршен бил […]

Герасимовски: Целосно го реконструиравме детското фудбалско игралиште близу ССМ


Службите на Општина Центар ја поставија новата подлогата, оградата и головите на постоечкото фудбалско игралиште за децата кои живеат близу зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека детските и спортски игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција. – Во изминатиот […]

Без вода дел од корисниците од неколку улици во Центар


Дел од корисниците на улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Ленинова“ и  „Коле Неделковски“ во Центар денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради приклучок на цевка од ф 80 мм на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот и ќе трае до завршување на […]

Без струја утре делови од општините Илинден и Карпош


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа утре од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат дел од од ул.„1“, ул.„2“, ул.„3“ и ул.„5“ с. Белинбегово  во Општина Илинден, информира Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК – Скопје. Без струја утре од 9 до 13 часот ќе бидат улиците  „Ловќенска“, „Леринска“, „Стрезово“ и […]

Утре времен сообраќај на ул.“Орце Николов“, ќе се санира кружниот тек


Општина Центар известува дека во текот на утрешниот ден ќе почне со санација на кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов”, поради што граѓаните се известуваат дека во периодот од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот. “Сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски” до улица „Ленинова” во една […]

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици


Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање електрична енергија, кој е поставен во основното училиште „Јан Амос Коменски“, во населбата Тафталиџе 1. -Локалната самоуправа продолжува да работи на подобрување на енергетската ефикасност и независност, поставувајќи две фотоволтаични системи со моќност од 25 Kw, поточно во училиштата „Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски“. […]

Град Скопје: Со акција за садење го одбележавме денот на ЈП „Паркови и зеленило“


Со садење на над 2000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, денес го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило. Акцијата за садење денес се одвива по средишните и странични зелени коридори по булеварот […]

Базар со 26 современи ракотворци за Денот на жената во Скопје сити мол


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 5 до 8 март, Скопје Сити Мол организира осмомартовски базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци.   Со уникатни колекции, рачно изработени ќе се претстават: Zen.Zeal, Frankly concept & gift-shop, BLOOM, Solar Creations, Nebula Jewelry, АКРЕА, Медена, Ваша мала башта, Infinity accessories, LaSoy & LA CHA, Блумен и Арт 2005, Small piece of joy, Igneа eco […]

Без вода дел од општина Карпош


Без вода денеска од 9 часот ќе останат жителите од населба Трнодол, а од 10 часот корисниците од улицата „Козле“, крак 6 во Општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Трнодол е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 милиметри на улица „Кнез Трпимир“ бр. 24.  Вториот прекин е поради […]

Седма изложба на макети, диорами и минијатури во Центар Јадро


 Седмата изложба на макети, диорами и минијатури и четвртиот „Куп Скопје“ во организација на клубот „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ ќе биде отворена денеска во Центар Јадро со почеток од 20 часот. Публиката ќе може да погледне макети изработени од домашни и странски изложувачи и да проследи меѓународен натпревар по пластично макетарство на кој ќе […]

Делови од Карпош и Центар без струја


 Без електрична енергија денеска од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош.  Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Крсто Баиќ“ и „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град […]

Ѓорѓиевски постави мерна станица во парцелата на Цементарница УСЈЕ


Со цел да се контролира загаденоста на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ АД, Општина Кисела Вода постави мерна станица во парцелата на компанијата. Се работи за уред кој поседува инструмент од типот Аeroqual AQS-1. Класата на точност за мерење на PM 10 честички е во две мерења и опфаќа честичките PM1, PM2.5; PM 10 […]

Триесетина клупи украдени од патеката крај Вардар


Десетици клупи се однесени од патеките крај Вардар, со што му е нанесена огромна штета на Градот и на граѓаните на Скопје, а за тоа претседателот на Советот на Град Скопје, побарал информација од градоначалничката која не ја добил.  Денешната седница на Советот почна токму со оваа информација, а како што појасни Трајко Славески, однесени […]

Парното ќе биде субвенционирано и оваа грејна сезона


Фактурите за топлинска енергија за грејна сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на месеците јануари, фавруари, март и април ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите кои се однесуваат на месеците октомври, ноември и декември, ќе бидат вкалкулирани и […]

Герасимовски: Сајбер булингот е „злото“ на новото време, клучно е домашното воспитување


Сајбер билингот е „злото“ на новото време кој бара сериозен пристап од повеќе институции за да се намали и спречи, истакна денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој учествуваше на настанот “Дигитализацијата и Сајбер Безбедноста: Сегашноста и Иднината на Учениците” организиран од Аналитика Тинк Тенк.   „Во оваа ера на технолошки развој кога младите […]

Биокомпостара во Скопје – од 1.000 кг биоотпад ќе прави 200 кг компост


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја промовираа новата биокомпостара за ефикасно компостирање на органскиот отпад. Kомпостарата е дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Истовремено, со биокомпостарата се овозможува ефикасно решение за справување со проблемот со […]

Нов национален план за чист воздух – постои сериозен недостаток на стратешко планирање


Владата да донесе нов национален план за чист воздух и да се обезбедат финансиски средства и институционални капацитети на општините и Градот Скопје за спроведување на нивните надлежности. Ова се главните препораки од анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“ изработена од Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот […]

Без вода дел од Трнодол и Жданец


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 11:50 часот ќе бидат корисниците од населба Трнодол и улиците „Нерешка“ и „Теодосиј Синаитски“ во населба Жданец, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.