Без вода комплексот „УКИМ“, струја ќе нема во делови од Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште


Во текот на денов без вода ќе бидат корисниците на комплексот „УКИМ“, а струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Илинден, Карпош, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ има известување дека денеска, поради уличен дефект на булеварот „Гоце Делчев“ број 9, во […]

Синот на ексградоначалникот Шилегов го отвора второто кафуле во Скопје


Лоциран во новиот шопинг мол во близина на кулите „Џевахир“, наскоро треба да започне со работа новиот кафе бар каде сопственик е синот на ексградоначалникот Петре Шилегов. На социјалните мрежи веќе се појавија објави на кои се рекламира новиот локал, името на кафулето е „Бабилон“. Инаку, синот на ексградоначалникот, од пред две години е сопственик […]

Утре без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”


Без вода утре од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде  поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира […]

Завршeна целосната реконструкција на детската градинка „Пчелка 2“ во населба Лисиче


Со реновирање на внатрешноста на објектот, Општина Аеродром ја заврши втората фаза од проектот за реконструкција на објектот на клонот „Пчелка 2“ во населбата Лисиче, што е дел од детската градинка „Буба Мара“. Од Општина Аеродром соопштија дека инвестицијата опфатила промена на подот, бојадисување на ѕидовите, промена на осветлувањето и комплетна реконструкција на останатите делови […]

Без струја дел од општините Ѓорче Петров, Сарај и Петровец


Без струја денеска ќе бидат дел од општините Ѓорче Петров, Сарај и Петровец, информираат од ЕВН. Од 09:00 до 13:00 часот, прекин на електрична енергија ќе има дел од улицата „Црвена Армија“, амбуланта „Диамед“, старо кино, фирмата „Трикотажа“ во Општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане […]

Камиони од девет милиони денари за „Комунална“ за Гази Баба, како изгледаат скопските улици?


Oпштина Гази Баба набави нова механизација за подобро справување со комуналниот отпад, за што од општинскиот буџет беа потрошени 9 милиони денари. На промоцијата присуствуваше и  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост […]

Комерцијална банка донира имот на Општина Центар да се претвори во зелена површина


По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на јавна зелена површина за жителите на улица „Киро Крстевски Платник“, во близина на поликлиника Идадија. „Упатувам благодарност до Комерцијална банка што преку оваа донација реши долгогодишен проблем во Општина Центар. Имотот кој општината го добива под владение, првенствено бил во приватна сопственост, а […]

Зошто е добро да вдомиме постаро куче?


Вдомувањето на повозрасно куче е сочувствителна и наградувачка одлука која нуди бројни придобивки, и за кучето и за вдомувачот. Постарите кучиња често се соочуваат со долг престој во прифатилиштата, бидејќи паѓаат во втор план од помладите, поенергични кученца. Сепак, овие зрели придружници носат богатство на љубов, благодарност и придобивки во нивните нови домови. Прво, постарите […]

Без струја дел од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Николај Островски“, „Антон Чехов“, „Пелинце“, „Лазо Дамовски“, „Австралиска“ и ОУ „Страшо Пинџур“ во Општина […]

Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“


Без вода денеска од 11 часот се корисниците од Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“ во Општина Гази Баба. Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„15“ во селото Инџиково (покрај каналот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Арсовска садеше дабови дрвја на Водно


Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март.     На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата […]

Марш на „Лесја Украинка“ на годишнината од почетокот на војната (галерија)


Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ одржа мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина. Настанот почна на алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), потоа продолжи пред амбасада на руската федерација. Фото: Б. Грданоски

Муцунски повика да се донира за Леонид Индов


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави апел до граѓаните и ги повика да дадат свој придонес во лекувањето на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа во Виена, Австрија. Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека Општина Аеродром, граѓаните, локалните институции, училиштата и детските градинки, во изминатиот период покажаа високо […]

Дел од Општина Карпош без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани околу пералната „Smartwash“ на крстосницата меѓу булевар „Илинден“ и булевар „8 Септември“. Нема да работат и семафорите на дадената локација и коисниците лоцирани до Факултетот за драмски уметности (ФДУ).  Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради изведување технички […]

Доколку викендов одите во Зоолошка, донирајте за Лео!


Доколку претстојниот викенд ја посетувате скопската Зоолошка градина, донирајте за лекувањето на младиот скопјанец Лео! – ЗОО Скопје се приклучува на акцијата на Град Скопје, а на влезот поставени се две кутии каде што сите хумани граѓани може да донираат и да ја покажат својата хуманост, велат од ЗОО-Скопје.  Сите 50 градски јавни претпријатија, градски […]

Арсовска: Славески не закажува седица за донација за Лео – го интересира само паушалот од 500 евра по седница


Со жалење констатираме дека претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески одлучи да не ја прифати иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред – откажување од месечните паушали на советниците со цел истите да бидат донирани за лекувањето на малиот Леонид Индов, соопшти […]

Прво се уништува зеленилото – „Повеќе зеленило, подобар град!“


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, денеска организираше настан од информативен карактер на тема „Повеќе зеленило, подобар град!“ во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“. Регионалниот координатор на проектот, Ива Петрунова вели генералниот проблем во Скопје е големата урбанизација, односно како што рече, на секоја празна парцела се гледа […]

Разгледајте го Скопје со туристички водич – бесплатна тура за сите


По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје. Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза. – Сите кои се заинтересирани и […]

Нов кош, голчиња и детски реквизити на игралишата во населба Пролет


Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба Пролет, а старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови, информираат од општината. Од локалната самоуправа посочуваат дека децата добиле нови голчиња, кош, ограда и подлога, а кај детското поставени се нови лулашки, клацкалки, лизгалка, голема дрвена конструкција куќарка, како и нова […]

Близначиња родени со 900 и 940 грама си заминаа дома – запознајте ги Марија и Василиј


Продолжуваат среќните приказни од одделението за интензивна нега и терапија на новородени деца. Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Гинекологија. Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама. -По 72 дена […]