Тони Зен во кампањата „Вдоми,животот е поубав со куче“


Денес во нашата кампања и со помош на Тони Зен му даваме видливост на Венко, на неговата приказна и долгата потрага по дом.Венко е околу 3 години во нашето прифатилиште и заради специфичноста на неговата раса е одлучено да биде задржан и да му се бара дом.
Но, 3 години подоцна и покрај интензивната потрага, никој досега не пројави интерес да го вдоми.

Венко е прекрасно куче, одлично се сложува со луѓе и заслужува да му се даде можност да биде нечиј најдобар пријател. Повеќе слики од него можете да најдете тука: https://drive.google.com/drive/folders/1WL9ZbD1jsV3fpi82mg9rQ1k0YIdkMtRU?usp=drive_link

Како и сите наши кучиња така и Венко е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити.Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом. Затоа што животот е поубав со куче!