Ангелов бара кружен тек кај Џевахир: Целото подрачје „врие“ од луѓе, потребна е реакција


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов упати барање до скоспката градоначалничка Данела Арсовска за изградба на кружен тек.

„Денеска се наоѓаме во непосредна близина на булеварот „Србија“, пред новоотворениот од пред околу еден месец, „Џевахир Мол“ којшто е дел од комплексот „Скај Сити“, што е составен од четири облакодери, познатите турски облакодери, познатите четири четириесеткатници. (Токму во предел каде што граѓаните и најмногу претрчуваат преку улица)

Од оваа страна на булеварот има голема концентрација на луѓе во читериесеткатниците, но истовремено од другата страна се наоѓа Реонскиот центар Аеродром, којшто е комплекс од десетици згради, во коишто живее голем број население.

Граѓаните од Реонскиот центар Аеродром, коишто доаѓаат во молот од другата страна на булеварот, имаат на располагање два пешачки премина, коишто се наоѓаат на семафорите – некаде позади (зад камерата – на север) и напред (пред камерата – на југ).

Помеѓу овие пешачки премини, односно семафори, има нешто повеќе од 800 метри. Граѓаните, бидејќи не одат до самите семафори, го „сечат“ (преминуваат – претрчуваат) самиот булевар, односно ги „сечат“ сите коловозни ленти, овде, на лице место во близина на молот, со што се изложуваат на голема опасност.

Бидејќи, како и што реков, фрекфенцијата луѓе е многу голема, бараме од градот Скопје (Град Скопје), по барање на граѓаните коишто живеат на ова подрачје, итно, односно најбрзо што може, да се уреди еден пешачки премин, некаде на ова место. Стручни лица од сообраќајната област, тоа најдобро знаат каде треба да се направи. Но, исто така, од пријава на граѓани, наша перцепција е дека пешачкиот премин нема да биде најдобро решение. Бидејќи, луѓето коишто од четириесеткатниците со нивние возила се приклучуваат на булеварот, тоа мора да го направат под 90 степени агол и директно излегуваат на Бул. „Србија“, каде што и нема лента за забрзување, нема семафор… Со тоа се изложуваат на опасност од сообраќајна незгода.

Истото важи и за жителите од другата страна на булеварот кога се приклучуваат на овој Булевар. Со градењето еден кружен тек, некаде на ова место, стручни лица од сообраќајната област тоа точно ќе го утврдат, ќе можат возилата и од едната страна на булеварот, спротивно на „Скај сити“, но и возилата коишто излегуваат од „Скај Сити“, како и од околните згради, ќе можат безбедно да се приклучат на булеварот „Србија“.

Во едно (истовремено), забележливо е дека на ова место имаме само две коловозни ленти, две сообраќајни ленти, поради што е потребно овој широк тротоар да биде уреден како уште една коловозна лента, бидејќи тоа го налагаат потребите на граѓаните, според оние пријави коишто речиси постојано ги добиваме.

Да напоменам дека само 100-тина метри подолу, имаме и две бензински пумпи коишто дополнително го зголемуваат сообраќајот на ова место. На неколку 100-тини метри од овде се наоѓа основното училиште „Александар Македонски“, веднаш до него имаме и градинка и спортски комплекс. Од другата страна се наоѓа армиска касарна во којашто е сместена воената академија…

Едноставно, целото ова подрачје „врие“ од луѓе, така условно кажано и е потребна итна реакција.

Благодарност до градот Скопје, којшто досега сериозно ги сфаќаше сите наши укажувања и се надеваме на брза реакција“, вели Ангелов.