Бесплатен летен спортско-едукативен камп за ученици од општина Кисела Вода


Бесплатен летен спортско едукативен камп за спортските таленти од основните училишта и учениците од социјално ранливите семејства, обезбеди Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива, која е плод на посветеноста за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовира и еднаквите можности за учество и развој на сите деца без разлика на нивната финансиска состојба. […]

„Вози право, вози здраво“ ќе се заокружи со донација за детскиот велодром во паркот Сарај


Во рамките на настанот „Вози право, вози здраво“ што се одржа во неделата, над 8. 000 луѓе од сите возрасни групи ги преплавија улиците во центарот на Скопје, со велосипеди, ролерки, тротинети, а имаше и родители што ги донесоа своите деца во колички и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики. Во годината кога Банката […]

За еден месец расчистени 1.800 метри кубни од диви депонии низ Скопје


Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 1.800 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје. Интервенирано е на улиците Христо Батанџиев, Воин Драшковиќ и Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, на улиците Васил Чакаларов и Теодосие Гологанов, како и во населбата Жданец во општината […]

Герасимовски на средба со градоначалниците од Западен Балкан во Германија


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на покана од германското МНР и во соработка со Гете-Институтот, заедно со колегите од Западен Балкан учествува на серија состаноци и дискусии на тема „Општинска Европа-Можност и одговорност“, во рамки на работната посета на Берлин, Есен и Келн. На денешната панел дискусија градоначалниците заедно со претставниците од Аспен институтот […]

Поради уличен дефект без вода дел од Скопје Север и Кисела Вода


Поради уличен дефект ф 80мм, без вода од 09:30 часот се корисниците на улица „Босна Херцеговина“ во Скопје Север и на улица „Антон Попов“ во Кисела Вода соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санакција на дефектите.

Велосипеди, ролерки, тротинети… над 8 илјади учесници на „Вози право, вози здраво“ (фото)


Во Скопје денеска по осми пат се одржа најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје беше преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави […]

Делови од Волково и Радишани утре без струја


Корисниците од Волково на потегот од кружниот тек кон село Кучково утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓоре Ѓоревски“ на третиот влез во населбата Радишани. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на […]

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје


Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката. Како што информираат од МВР, […]

Без струја дел од улицата „Даме Груев“ во Центар


 ЕВН известува дека денеска, 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Даме Груев“ – Блок 10 згради и деловни објекти во Општина Центар. Прекинот на електрична енергија ќе биде поради планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа. 

Општина Кисела Вода: Нов спортски центар во Дупки во Драчево


На место кое до неодамна беше огромна депонија, на местото викано Дупки во Драчево, никнува нова локација за љубителите на спортот. Општина Кисела Вода интензивно работи на изградба на нов модерен спортски центар кој ќе нуди две фудбалски, кошаркарско и одбојкарско игралиште, крос патека и фитнес зона, спортски содржини кои ги бараа младите од овој […]

ЈП Градски паркинг- Скопје од утре со летно сметање за зонско – паркирање


Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: – Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. Исто така, им апелираме на сите корисници […]

Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Берлин


Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоиле награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4в одделение „Летаме со ербас“ бил координиран од двајца наставници во својство на ментори Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.   -Натпреварот го организира […]

Во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“


Во организација на Општина Центар денеска во Паркот на Франкофонијата во периодот од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“. -Паркот на Франкофонијата ќе биде точка каде ќе се спојат домашните македонски производители и угостители кои подготвуваат автентична домашна храна и пијалаци,  еко производи, но и традиционални специјалитети […]

За модерни општини и град Скопје e клучен безусловен рамномерен регионален развој


За модерни општини и град Скопје клучен е рамномерен регионален развој и тој не смее да биде условен од политика или друг фактор на поделба, е заклучокот произлезен од средбата на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Како што информираат од прес-службата на […]

Во скопско Лисиче општината и градоначалникот Муцунски ги победија граѓаните


  Долги месеци жителите на Лисиче водеа битка проти планот на Општина Аеродром и нејзиниот градоначалниок Тимчо Муцунски за изградба на нови згради онаму каде што не им е местото. Изгледаше дека лисичани ја добија битката, за синоќа да се испостави дека ја загубија во еден миг. Главната улога ја одигра градоначалникот Муцунски кој му […]

Заедничко дружење и дегустација на храна во паркот на франкофонијата


Во организација на Општина Центар утре, во Паркот на франкофонијата од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и вилушка на европска чинија“. Општина Центар како домаќин на овој настан на посетителите ќе им понуди квалитетно после работно дружење, преку уникатно музичко и гастрономско доживување.   Паркот на франкофонијата ќе биде точка каде ќе […]

Аеродром: Во Лисиче ќе се гради само една зграда – нема бетонизација


  Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој предвидува изградба само на една зграда, два паркови и решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината. Финалната верзија на урбанистички план е изработена да го унапреди урбаното живеење […]

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче


Градоначалникот Тимчо Муцунски во Аеродром, по три години управување со Општината, ќе остане запаметен по нереализирање на ниту еден проект и само по усвојување на ДУП-от со кој отпочнува бетонизацијата на Лисиче. Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски” доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно […]

Дел од пет скопски општини без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од селото Паничари во Општина Сарај.  Во периодот од 11:00 до 14:00 […]

Дел од Центар без вода


 Без вода денеска од 09:00 часот ќе останат корисниците од улиците „Мирче Оровчанец“ и „20 Октомври“ во Општина Центар. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на два водоводни приклучоци ф-80мм на улиците „Мирче Оровчанец“ бр.15 и „20 Октомври“ бр.30. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните […]