Се подобрува водоводната мрежа во Гази Баба


Почна втората фаза од изградбата на водоводна мрежа во Гази Баба за подобрување на водоводната мрежа за подобро водоснабдување.
 
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и планирање и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, денеска извршија увид на отпочнување на изградбата на водоводна мрежа на втората фаза на улицата „Антон Попов“ во општината Гази Баба.
 
Станува збор за потегот од крстосницата со улица „1635“ до бензинска пумпа на Лук Оил со вкупна должина од 700 метри и изградба на нова мрежа со поголем профил. Со новата водоводна мрежа, се обезбедува подобро водоснабдување за жителите од овој дел од градот, се решава повеќедеценискиот проблем со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефекти на водоводната мрежа.