Исчистена депонија од паркингот на гробиштата „Бутел“


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“.

Фото: Б. Грданоски

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со употреба на автоцистерна.

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.