Снег падна и на Водно


Врнежите од снег утрово ја „побелеа“ Шар Планина и рекреативниот центар Попова Шапка, а доста снег има во Маврово. Снег има и на скопско Водно, па населените места Горно и Долно Соње денеска се во зимска идила. Денеска нѐ очекува облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите …

Снег падна и на Водно Read More »

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно …

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре Read More »

Утре протести во Скопје за повисоки плати, раскрсници ќе бидат блокирани


Утре на голем протест пред Собранието излегуваат вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител. Револтот кај административците се појави откако пролетва за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд. Од МВР соопштуваат дека во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот …

Утре протести во Скопје за повисоки плати, раскрсници ќе бидат блокирани Read More »

Центарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим, ќе има протести


Поради одржување на два најавени протеста, утре во периодот од 11:00 до 14:30 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските …

Центарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим, ќе има протести Read More »

Се реконстурира мост во Карпош


Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица „10“ во општина Карпош. Ова е еден од објектите чија реконструкцика се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.  – Дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се …

Се реконстурира мост во Карпош Read More »

Почна да се ѕида коритото на река Серава во Општина Бутел


Работите кои изгледаа невозможно, стануваат чиста реалност, велат од Општина Бутел. Коритото на река Серава е претворено во градилиште, со забрзан интензитет почна да се ѕида коритото. По првичните изгледи станува збор за убава градба која ќе го промени ликот на овој дел од општината. Рокот за изведба на овој мега проект е две години, …

Почна да се ѕида коритото на река Серава во Општина Бутел Read More »

Без струја дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без струја во определен временски период ќе останат дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар. Без електрична енергија во периодот од 10.00 до 12.00 часот, ќе останат корисниците од Цветово, Преслап Китка, Варвара, Караџица, Палиград, Долно Количани, Солунска Глава, Дрисла, Алдинци, Дом Китка, …

Без струја дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар Read More »

Доделување награди за новинари кои учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“


Во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје денеска, во фоајето на Национална опера и балет ќе бидат доделени награди за новинари кои учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“. Доделени ќе бидат и наградите за учениците што учествуваа на јазичната работилница која …

Доделување награди за новинари кои учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“ Read More »

Прекин на водоснабдувањето во село Драчево


Од 09:30 часот утрово прекинато ќе биде водоснабдувањето на село Драчево. Како што информира РЦУК, вода нема да има поради изведување приклучок од Ф-100 мм на улицата „Домазетовска“ бб до црквата во селото. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост


Сите мерни места во Скопје на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) покажуваат високо загадување на воздухот со ПМ10 и ПМ 2,5 честички. Во последните 24 часа сите измерени вредности ја надминуваат границата на 50 микрометри на кубен метар, што за првпат есенва го искачи Скопје на осмото место на најзагадените …

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост Read More »

ЈП Градски паркинг – Скопје: Има 4 начини на наплата за услугата паркирање на зонско


Апелираме до корисниците на нашите паркинг услуги на зонско, покрај најкористениот начин за наплата- СМС пораки, да ги користат и останатите можности за наплата, со што уредно и навремено ќе го регулираат плаќањето, велат од ЈП Градски паркинг – Скопје. Начини за наплата на услугата паркирање на зонско кои ги нуди ЈП ,,Градски паркинг”- Скопје …

ЈП Градски паркинг – Скопје: Има 4 начини на наплата за услугата паркирање на зонско Read More »

Може ли Скопје да остане без вода?


  „Водовод и канализација“ од Скопје нема пари за да исплаќа плати на привремено вработените, а агенцијата преку која се ангажирани го потрошила буџетот. Претпријатието може да остане без вработените кои се неопходни за функционирање. Па дури и Скопје да остане без вода. Во писмото кое го добиле вработените од „Водовод и канализација“од страна на …

Може ли Скопје да остане без вода? Read More »

Поставен семафор на една од најцрните сообраќајни точки во Скопје


По повеќе од три децении барање од страна на жителите, Град Скопје постави семафор на крстосницата на булеварот „Ѓорче Петров“ со улиците „Мајски Манифест“ и „Знеполе“. – Токму оваа крстосница важеше како една од најцрните сообраќајни точки во градот Скопје, а поставувањето на нов семафор и покрај барањето на жителите било игнорирано од надлежните со …

Поставен семафор на една од најцрните сообраќајни точки во Скопје Read More »

Без вода дел од Пржино


 Поради уличен дефект ф-80 мм, без вода од 09:20 часот се корисниците од улиците  ул.„Жванска“ и „Наум Охридски“ во населба Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Ангелов повторно отстранува опасни коцки бетон од мостот во Визбегово – надлежните од Бутел и од Скопје, глуви


Бетонски коцки се ронат од мостот кај Визбегово, а постои опасност да паднат врз коловозот под мостот, па некој да настрада, но на оваа опасност укажува само директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој по втор пат го посети мостот. ЦУК повторно упати известување и покана до дел од надлежните институции за …

Ангелов повторно отстранува опасни коцки бетон од мостот во Визбегово – надлежните од Бутел и од Скопје, глуви Read More »

Општина Кисела Вода: Избран концепт за хумано домување наместо бетонизација на Расадник


Два од вкупно пет пристигнати труда освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место на Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП Расадник во Општина Кисела Вода. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои …

Општина Кисела Вода: Избран концепт за хумано домување наместо бетонизација на Расадник Read More »

Аеродром се украсува за Нова година


На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги започна подготовките за новогодишното украсување со што општината кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик. Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување. Новогодишното украсување на …

Аеродром се украсува за Нова година Read More »

Над 90 милиони денари за изградба и опрема на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково


Преку проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка, издвоени се значителни 85.928.460 денари за изградба и дополнителни 6.292.161 денари за опремување на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. – Оваа инвестиција …

Над 90 милиони денари за изградба и опрема на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково Read More »

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост


Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3 декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска објави Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за лицата со попреченост во висина од 3.000 денари. Право на остварување на еднократна парична помош …

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост Read More »

По 2.000 денари за пензионери со пензии до 20.122 денари во Центар


Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари односно по 2.000 …

По 2.000 денари за пензионери со пензии до 20.122 денари во Центар Read More »