Се реконстурира мост во Карпош


Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица „10“ во општина Карпош.

Ова е еден од објектите чија реконструкцика се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

 – Дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот – велат од Град Скопје.

Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на мостот се реализира на барање на граѓаните кои секојдневно го користат.