„Добар ден за судството – го ослободи Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ


  „Нема правда“. Вака опозицискиот СДСМ ги оцени пресудите во случајот „Талир 2“ , според кои Никола Груевски е осободен и е одмрзнато седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО.  По 8 […]

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска


Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди […]

Шест странски компании заинтересирани да го постават интелигентниот транспортен систем по македонските патишта


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата.  – Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската […]

Транспортната инспекција нема повеќе изговори: ЕУ донира возила за покривање на целата територија


Транспортната инспекција конечно ќе може да ја покрие целата територија на државата, по донацијата на 18 возила од ЕУ, во вредност од 700.000 евра. Повеќе нема изговори доколку на нашите патишта се сретнат претоварени товарни возила, неисправни автобуси или превоз на опасни материи.   Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно […]

Бесплатно одложете го кабастиот отпад на пунктот во Карпош


Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. „Илинден“ (зад бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). – Во таа насока, ги информираме граѓаните дека […]

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат


Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети. Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и […]

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ


Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на, како што оценуваат, политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција. „Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот конкурс. […]

Прилеп два дена без вода на 35 степени Целзиусови


Дел од Прилеп на 14 и 15 јули ќе има нарушено водоснабдување поради голем дефект на примарната водоводна линија на улицата „Леце Котески“. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ работат на санација, но поради обемот и сложеноста на интервенцијата, нормализирањето на снабдувањето не се очекува веднаш. Дефектот настанал во раните утрински часови во понеделникот, кога […]

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на претседателот на бугарскиот клуб во Битола. Останува условната казна


  Апелацискиот суд во Битола донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на претседателот на избришаното здружение Културен клуб „Ванчо  Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, откако Основниот суд му изрече условна казна затвор од една година со рок на проверка од две години. Судењето против битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски го покрена Основното јавно обвинителство […]

Повеќе од 3.000.000 евра дала „Комунална хигиена“ за вработувања преку агенции, затоа што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа годишен план


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со […]

Се разубавува потегот од Зеленото пазарче до Собранието


„Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки […]

Во Битола започнува шестото издание на „Етно Македонија“, настапуваат млади музичари од целиот свет


Шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, почнува денеска, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог. Во периодот од 14 до 24 јули, нагласува организаторот, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, […]

Без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром


Од 08 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ во општина Аеродром, информира Регионалниот центар за управување со кризи. РЦУК, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, соопштува дека прекинот на струја ќе биде до 15 часот.

Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“


Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите.

Сончево со температури до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во […]

Македонската и албанската полиција ќе спроведуваат заеднички патроли за превенција од шумски пожари


 Полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ остварија работна средба со колегите од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Албанија, со цел унапредување на прекуграничната соработка во превенцијата од шумски пожари. На средбата биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за […]

Роберт Милошески именуван за в.д. градоначалник на Општина Брвеница по смртта на Јовица Илиевски


Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлука досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за вршител на должноста градоначалник на Општината, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски. Од Општина Брвеница информираат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови, согласно член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за […]

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите


Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при […]

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати


Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои […]

Данела повторно прашува до каде е предметот со дивоградбите во Чаир


Поранешната градоначалничка Данела Арсовска повторно бара од  Јавното обвинителство да и даде информации околу случајот со дивоградбите на екс градоначалникот Висар Ганиу , за кој никој не зборува во јавноста.  „Со поднесеното барање побарав информации дали е оформен јавнообвинителски предмет, кој јавен обвинител постапува, кои процесни дејствија се преземени, дали се обезбедени доказите и оригиналната […]