Усвоени измените за боледувањата


Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, на денешното продолжение на 33. седница, едногласно ги усвои измените на Правилникот со кој се уредуваат критериумите за утврдување на привремена спреченост за работа. Со измените не се скратува правото на боледување, ниту се ограничува неговото времетраење кога за тоа постои медицинска потреба. Матичниот лекар и понатаму останува […]

Интересни зелени идеи на АРНО: Ладно цедено масло од орев и оревово брашно – отпадот станува премиум производ


По завршувањето на националното финале, Здружението АРНО ги објавува трите победнички идеи кои ќе ја претставуваат Македонија на регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ (Balkan Green Ideas), што ќе се одржи од 3 до 5 ноември во Призрен, Косово. Станува збор за ding.mk од Битола, Медотека Најдовски од Велес и Урбана фарма од Скопје. ding.mk […]

И Македонија ја стопира БСЖ вакцината по несаканите ефекти во неколку случаи во Хрватска


Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство.    Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во […]

„Лајка“ на терен – Во септември, заловени 172 бездомни кучиња во Скопје


Во текот на септември ЈП „Лајка“ заловило 172 бездомни кучиња во Скопје, од кои 124 се стерилизирани/кастрирани, 44 се вдомени, а 105 се вратени на локацијата каде биле заловени. Во Општина Аеродром во текот на месецот беа заловени 25 кучиња. Од подрачјето на Општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 39 кучиња, во Општина Гази […]

Карпош казни седуммина што фрлале ѓубре околу контејнери


 Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, со што покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. -Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината – велат […]

Тендерот за вакцини против грип пропадна, МЗ чека увоз преку меѓународни канали


Ниту една компанија не се пријави на јавниот повик бидејќи светските агенции ги сменија соевите, па производството доцни секаде. Набавката на бесплатни вакцини против сезонски грип во земјава доживеа застој откако на распишаниот оглас не пристигна ниту една понуда. Од Министерството за здравство тврдат дека причината не е институционален пропуст во постапката, туку глобален проблем […]

Во Берово измерени минус 4 степени


Во Берово утрово се измерени -4 степени, во Битола нила, еден степен во Демир Капија и Струмица, три во Тетово и Велес, четири во Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци и Гевгелија, шест во Скопје, девет степени во Крушево, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува […]

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола


Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот имало вкупно 46 пожари на отворен простор од кои седум се активни, а еден е под контрола.  Активни се пожарите кај месноста „Над Боровите“ – крак кон с. Татар Елевци и Кораб и крак кон с. Бањиште во општина Дебар, кај селото Јаболчиште во општина […]

Без струја дел од Карпош


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од улииците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“ во општина Карпош. Прекинот ќе трае од 08:40 до 13 часот, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Без вода делови од општините Центар и Карпош


Без вода во текот на денов ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, без вода од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Чедомир Миндеровиќ“. Водоснабдувањето од 10 часот ќе било прекинато за корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ и дел од „Орце Николов“, […]

Утрото ведро и студено, а преку ден сончево и топло


Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура […]

Ферати-Палминтери: Продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на европските фондови, економијата и образованието


Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери. Се разговараше за преструктуирањето на Министерството и за зајакнувањето на институционалните капацитети, со фокус на формирањето на сектор за меѓународна соработка и европски фондови. Во таа насока, амбасадорот ја потврди подготвеноста на Италија да го поддржи обучувањето на административниот кадар за управување […]

Европски мировен фонд: Советот на ЕУ одобри 10 милиони евра за Балканските медицински наменски сили


 Советот на ЕУ денес усвои мерка за помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во вредност од 10 милиони евра, со цел да се зајакнат оперативните капацитети и подготвеноста на Балканските медицински наменски сили (БМНС). Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, балканските медицински наменски сили ги обединуваат воено-медицинските капацитети на регионалните партнери […]

Септември натпросечно топол и потпросечно врнежлив


 Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец септември 2026, се карактеризира како топол, потпросечен во Скопје и југозападниот регион и просечен во остатокот од државата во однос на количествата на врнежи. Средномесечната температура се движеше од 14,2 степени во Маврово до 22,4 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен […]

Гаши ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието


Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието – Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпишал Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Република Северна Македонија. Како што соопшти собраниската прес-служба, поранешните претседатели на Собранието биле информирани за идејата и целта […]

Се премерува булеварот „Цветан Димов“ за да почне проширувањето


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен чекор кон реализација на проектот за булеварот „Цветан Димов“. Екипите на Општина Чаир, заедно со геодетски експерти, излегоа на терен за прецизно утврдување на трасата на булеварот. Реализацијата на овој проект се очекува значително да го подобри сообраќајот и инфраструктурното поврзување на Чаир […]

Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”


Плоштадот „Македонија“ и Камениот мост се лицето на нашиот град, па затоа денеска, темелно се чистат од графити, насобрана нечистотија и од написи. – Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“. Се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно […]

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината


Податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека само во првите шест месеци од годинава, граѓаните на Македонија и странските државјани потрошиле речиси 1,6 милијарди евра во казина, автомат-клубови и обложувалници. „Секоја година коцкарскиот бизнис станува поголем, а секоја година народот станува посиромашен. Левица со години предупредува дека зад „игрите на среќа” стои цела индустрија […]

ЈУ Национален парк „Пелистер“ поставува монтажен мониторинг објект над Маловишта


Вработени на јавната установа Национален парк „Пелистер“ и локалното население од селото Маловишта продолжија со поставување на монтажен мониторинг објект над селото Маловишта, кај Свети Спас на 1920 метри надморска височина, локација од каде може да се набљудува Преспанско Езеро. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека завршена е втората фаза на уредување, ќе следи […]

Во Прешовце отворена градинка за 147 деца


Пуштена во употреба нова градинка во селото Пршовце со капацитет за 147 деца, а на отворањето шрисуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши. Изразувајќи задоволство за пуштањето на објектот, претседателот на Владата, Мицкоски, им се заблагодари на сите што посветено работеле и […]