Ветрот го скрши стаклениот ѕид на Матичното во Битола


 

Ветрот го скрши стаклениот ѕид од Матичното во Битола, во центарот на градот. Има и повредни. Интервенираше Итната медицинска помош. 

Силен ветер од ноќеска дува во Битола, а особено се засили во претпладневните часови, по што од силните удари падна стаклениот ѕид на Одделението за водење на матични книги во Битола. 

Според очевидци на настанот повредени се две лица, во пределот на нозете и за среќа избегната е погоlема трагедија. (А.Б)