Летни температури сред ноември, од вечер заладување


Фото: Б. Грданоски

Температурата во Скопје значително ја надмина прогнозираната и онака висока температура за овој период од годината.

Од утрово Скопје е под високи температури, за официјално во 13 часот да биде измерена температура од 26,8 степени Целзиусови. Потопло од Скопје е само во Кавадарци каде е измерена температура од 27 степени Целзиусови.Велес е со 26,7 степени, а Најниска температура во 13 часот измерена е на Попова Шапка, со 12,4, Лазарополе со 13,8 и Крушево и Берово со температури од нешто над 16 степени.

Силниот јужен ветар што од УХМР го најавуваа за денеска, во Скопје е послаб, но затоа во источниот и западниот дел на државата е доста силен.

Уште вечерва следува заладување, па така за утре прогнозираните температури се движат од 10 степени на Маврово, 13 во Скопје, до највисоки 17 степени, очекувано во Гевгелија.

Ветрот го менува својот правец, па од денешниот јужен, утре ни следува северен засилен ветар.

 

Како и денеска, можни се повремени врнежи од дожд секаде, освен во повардарието од Велес до Гевгелија.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.