Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец, има и жртва


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека синоќа, од 23:35 до 01:30 часот, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) интервенирала во Жданец. Седум противпожарни возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака на површина од 80 метри квадратни. Бараката се наоѓала на улицата „Жданец“. По целосното гаснење на пожарот, во објектот било пронајдено тело […]

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор


 Утрово најстудено било во Лазарополе, каде е измерена температура од о целзиусови степени, и Скопје – Петровец, Маврови Анови, Попова Шапка, со температура од 1 степен.  Најтопло било во Охрид и Претор каде биле регистрирана температура од 11 целзиусови степени.  Два степени се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Куманово, 3 во […]

Изменет режим на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на крстосница улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“


 ЈП Улици и патишта Скопје, утрово во 8 часот ќе започне со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“. Како што информираат од Јавното претпријатие, овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни […]

Променливо облачно со локален дожд, од понеделник пораст на температурите


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе биде […]

Астрономски календар


 Денеска е недела, 15 ноември 2026 година, 319-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 46 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 16 часот и 13 минути. Денов трае 9 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Запалени контејнери во Ново Лисиче и Чаир: Скопје нема да биде заложник на вандали!


Вечерва во Скопје, воНово Лисиче и во Чаир, беа запалени контејнери, а по социјалните мрежи, во наменските групи за пријавување проблеми, се повикуваше жителите да ги отстранат автомобилите за да немаат штета.    Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, веднаш излезе со реакција и вели дека „Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од […]

Марш на ангелите: „До кога ќе ги броиме жртвите, а ќе ги чекаме одговорните?“


„До кога ќе ги броиме жртвите, а ќе ги чекаме одговорните?“ – праша Валентина Христовска, мајка на починатиот Павел, обраќајќи им се на присутните на денешниот марш пред полицијата. Таа порача дека семејствата повторно маршираат со истата болка и барање за вистина, одговорност и правда, но дека нивната борба не се однесува само на 63-те […]

Војните низ историјата ја отежнуваат работата на автопатот Прилеп-Битола: Се деминира


Автопатот Прилеп – Битола, треба да биде готов до крајниот рок во 2029 година и да биде пуштен во употреба, но работата на него е сложена, затоа што на трасата, а и на местата од каде се зема материјал има неескплодирани мини заостанати од Балканските војни, како и од Првата и Втората светска војна.  – […]

Конференција „Јас сум жена“: Жените заслужуваат еднакви можности, а нивното вмрежување е двигател на развојот


Жените не треба да се приспособуваат на ограничувањата што ги поставува општеството, туку да добијат можност да го реализираат својот потенцијал во бизнисот, институциите, науката, семејството и јавниот живот, порачаа учесничките на отворањето на 5. Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ што денеска се одржува во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. […]

Кравите од Крива Паланка ги „узурпираа“ и светските медиуми


Кравите од Крива Паланка кои слободно се шетаат, а за кои градоначалникот побара прогласување кризна состојба, стигнаа и на светските медуми. За нив известуваат „Еуроњуз“ и „Асошиејтед Прес“. „Асошиејред прес“ јавува дека жителите на Крива Паланка се борат со стадо говеда кое пораснало на повеќе од 1.000 животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот. […]

Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна со дистрибуција на 400.000 дози вакцини против болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва низ земјата. Вакцините се обезбедени како донација од Европската Унија, а се од турско производство. Според најавите од АХВ, по завршувањето на подготовките и согласно одобрениот План за вакцинација од страна на […]

Населбата Каменик во Кисела Вода ќе добие редовно снабдување со квалитетна вода


Увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“, напавија денеска градоначалничката Бети Стаменковска и премиерот Христијан Мицкоски. Со овој проект, за кој општината одвоила нешто повеќе од 27,5 милиони денари, жителите на овој дел од општината ќе добијат редовна и чиста вода за пиење. „Станува […]

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен


Автопатот Кичево-Охрид се гради со одлична динамика. Делницата од кичевското село Извор до селото Врбјани во општина Дебарце се очекува во следните неколку недели да биде ставена во функција, порача од Охрид заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.  -Така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите […]

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата


Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.  Согласно одребите […]

Три книги од „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година


Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопје. Признанието во областа на публицистиката и стручните книги му е доделено на проф. д-р Огнен Марина за книгата „The Skopje Project“, додека во областа на здравствената заштита е наградена творечката целина составена од […]

УХМР: Најстудено утрово на Попова Шапка со шест степени, најтопло во Битола со 14


Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 6 степени , а најтопло утрово било во Битола со 14 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринските мерења, 7 степени биле измерени во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, […]

Национален форум за дијабетесот по повод Светскиот ден на дијабетесот


 По повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) во Скопје ќе одржи Национален форум на тема „Дијабетесот во Македонија – од приоритети до конкретни решенија“, посветен на унапредување на здравствената грижа и подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес. Форумот ќе се одржи во […]

Формирани полуфиналните двојки за ВТА финалето


 По одигрувањето на последниот натпревар од групната фаза на ВТА финалето, ноќеска станаа познати полуфиналистките на ВТА финалето кое се одржува во Индијан Велс, САД. Последна пласман во полуфиналната фаза обезбеди Украинката Елина Свитолина која ја победи Белорусинката Арина Сабаленка.  Свитолина за ривалка во второто полуфинале ќе ја има чешката тенисерка Линда Носкова. Во првото […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и […]

За камионите да не избегнуваат патарина, ќе се воведува електронска наплата на регионалните и магистралните патишта


За камионите се планира воведување електронска наплата на патарини преку портали што ќе се постават на регионалните и магистралните патишта, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски. Од оваа наплата, Трајановски вели дека ќе бидат изземени автомобилите, автобусите и другите возила. Трајановски вели дека наплатата ќе се регистрира преку тагови и […]