Формирани полуфиналните двојки за ВТА финалето
По одигрувањето на последниот натпревар од групната фаза на ВТА финалето, ноќеска станаа познати полуфиналистките на ВТА финалето кое се одржува во Индијан Велс, САД.
Последна пласман во полуфиналната фаза обезбеди Украинката Елина Свитолина која ја победи Белорусинката Арина Сабаленка.
Свитолина за ривалка во второто полуфинале ќе ја има чешката тенисерка Линда Носкова.
Во првото полуфинале ќе се соочат Русинката Мира Андреева и Американката Џесика Пегула.
Натпреварите ќе се одржат вечер, првиот од 21 часот по македонско време.