Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека синоќа, од 23:35 до 01:30 часот, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) интервенирала во Жданец.
Седум противпожарни возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака на површина од 80 метри квадратни.
Бараката се наоѓала на улицата „Жданец“.