Царината ги проверува пловилата, зголемена наплатата за привремен увоз


Царинската управа денеска соопшти дека во изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз. Оттаму информираат дека Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. – […]

ЦУК: Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола


На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.  Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и […]

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи


Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до […]

„Преспански аванТУРИ“ – инклузивна велосипедска тура низ Преспа за лица со и без попреченост


Од 9:00 часот утрово во Претор почнува инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, наменета за лица со и без попреченост, љубители на природата и рекреативци што сакаат да го доживеат Преспанскиот регион на поинаков и пристапен начин. Од Претор учесниците ќе се движат по планирана рута кон Сливница, со завршница на плажите во Претор. По турата […]

Нападнати пожарникари во Прилепско


Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат.  Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека […]

Забранета водата за пиење во Демир Капија


Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода […]

Трговски центар ќе никне на местото кај руинираниот дом „Ранка Милановиќ“


Од мини-депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ, каде со години стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства, објави Телма. „Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и […]

Втор смртен случај од западнонилска треска во државата


Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана.  – Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус […]

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – „мифортик“ ќе биде достапен без доплата


Фондот за здравствено осигурување соопшти дека презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа […]

ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ ги уништува клупите што ги поправа Левица во Аеродром


На барање на жителите од Аеродром, активистите на локалниот огранок на Левица со сопствени средства и труд поправаат руинирани клупи што Општината со години ги оставила нефункционални да скапуваат. Од февруари годинава, активисти на Левица во Аеродром реконструираа и поставија 12 клупи. И наместо локалната власт да рече, добро, овие се средени, сега со општинските […]

Левица не му верува ни на Стојанче: Најмалку двапати загадената вода во Гостивар е прогласена за безбедна


Левица не им верува на институциите дека водата во Гостивар е безбедна за пиење, уште повеќе што и претходно беа давани вакви изјави а се покажа дека – не е. -На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи“. […]

Шест години пријателство што ги поврзува Крива Паланка и Франција преку Europ’Raid


Крива Паланка и оваа година со особена радост ги пречека учесниците на Europ’Raid, авантуристичкото европско патување кое веќе шест години создава мостови на пријателство меѓу Франција и Македонија, преку дружење, солидарност, културна размена и незаборавни средби. Пристигнувањето на караванот од автомобили повторно внесе посебна енергија во градот, но и уште еднаш покажа дека Europ’Raid е […]

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата


На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за […]

(Фото галерија) Штрковите ги спакуваа куферите за пат од 10 илјади километри


Штрковите во Македонија веќе ги „спакуваа куферите“ и почнаа да се селат во потоплите краишта каде што ќе презимат, пред повторно во март идната година да се вратат во своите гнезда на нашите простори. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги овековечи нивните последни подготовки во гнездата јужно од Штип, пред патот долг десетина илјади километри.   […]

Водата во Гостивар е безбедна за пиење


Водата во Гостивар конечно е безбедна за ппиење, соопштија денеска од Главниот штаб за управување со кризи.  (Во живо) Прес на Главниот штаб за водата во Гостивар Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење. Последните добиени резултати потврдуваат дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно […]

По 3.000 денари за првачињата од Општина Илинден


Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение […]

Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од над 14 години


 Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека за првпат Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. -Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и […]

Во вторник прскање од земја против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.08.2026 година (вторник), во текот на денот ќе изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.   Се известуваат пчеларите навреме да […]

Пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница. Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети […]