Мисајловски: Пред нас е можност за нов исчекор во развојот на Балканските медицински наменски сили


Во изминатиов период постигнавме значаен напредок во развојот на капацитетите на Балканските медицински наменски сили, што се исклучително значајна регионална иницијатива. На денешниот состанок на земјите – членки на БМНС, во Брдо, Словенија, разговаравме за натамошниот развој, поголемата видливост и преземањето на нови одговорности на оваа регионална иницијатива, соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски. – […]

Ѓорѓиевски: Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“


Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“. Со Томи Салковски, управител на „Скопје филм студио“ и организатор на Скопскиот филмски фестивал, потпишавме Меморандум за соработка со што воспоставуваме долгорочно партнерство за развој на филмската уметност, побогата културна понуда и посилна меѓународна афирмација на Скопје, соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – Нашиот […]

Европска ноќ на истражувачите: Македонското еколошко друштво – дел од европската прослава на науката


Над 85 интерактивни активности во 4 македонски градови донесува програмата за Европската ноќ на истражувачите, што на 25 септември за првпат ќе се одржи и кај нас. Македонското еколошко друштво (МЕД) е еден од шесте партнери коишто преку проектот „Избери наука! Градење општество преку истражување и иновации" ја вброија нашата меѓу земјите во Европа каде […]

Македонија неподготвена за справување со катастрофи, утврди ДЗР


Во услови на зголемена изложеност на ризици од катастрофи, особено од шумски пожари, поплави и екстремни временски услови, системот за заштита и спасување во Македонија не секогаш располага со потребната стратешка, институционална и оперативна подготвеност за ефикасен одговор – констатира Државниот завод за ревизија. Ревизорите утврдиле слабости во стратешкото планирање, координацијата и управувањето со ресурсите, […]

Топлинска купола носи ново затоплување кон крајот на септември, ќе влијае и на Македонија


Топлотен бран ќе ја зафати голем дел од Европа кон крајот на септември, а невообичаено високите температури би можеле да продолжат до почетокот на октомври. Според прогнозата на Severe Weather Europe, над континентот ќе се развие силна област со висок притисок, која ќе повлече многу топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон север. Во […]

Дигиталната лична карта веројатно најпрво ќе се користи за влез во дискотеки и ноќни клубови


 Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална платформа преку која граѓаните можат да ги имаат своите лични документи и државни услуги директно на своите мобилни телефони. Ќе се промовира следниот месец, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека е свесен оти овој процес ќе трае. – Јас сум свесен дека овој процес ќе […]

Демографската криза во Македонија се продлабочува, во Тетово и Гостивар стотици раѓања помалку отколку во 2021 година


Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно во општина Зрновце. Откако и првиот и вториот квартал од годинава донесоа нов демографски “шамар“, со пад на бројот на живородени деца и негативен природен прираст на државата, извесно е дека и на крајот од оваа 2026 та ќе се соочиме со поразителна демографска состојба, пишува Порталб. Тетово и […]

ЦУК: Нема активни пожари, еден пожар под контрола


Центарот за управување со кризи информира дека до 7 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни пожари нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 30 пожари. Под контрола е еден пожар во Општина Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. […]

Завршна конференција на проектот „Зајакнување на иднината“


Завршната конференција на проектот „Зајакнување на иднината – Патеки за излез од сиромаштијата преку сеопфатна поддршка и социјална инклузија на деца и семејства погодени од сиромаштија во Северна Македонија“ ќе се одржи денеска во организација на Новинари за човекови права (НЧП) и ECPAT Австрија во Европска куќа во Скопје.  Конференцијата, како што се наведува во […]

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Без струја денеска дел од жителите на Бутел, Гази Баба и Кисела Вода


Без струја утрово ќе останат неколку улици од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода. -Во периодот од 07.55 до 09.55 часот, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улиците Ѓорѓи Стојчевски и Лазо Москов. (општина Бутел), во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите од ул. Вила Анастасија и тоа бензинска пумпа […]

Велосипедски тури по повод Денот без автомобили: Во Кочани ќе се вози „По патеката на оризот“, во Делчево масовна акција „Велобус“


Во повеќе градови во земјвата Денот без автомобили ќе се одбележи со организирање велосипедски тури. Под мотото на Европската недела на мобилност „Ајде заедно да го трансформираме секое патување и да обезбедиме мобилност за сите!“, а согласно Програма за сообраќај, Општина Кочани денеска ќе го обележи Денот без автомобили. Во соработка со МВР ОВР ПС […]

Манифестацијата „Движи се за здравје“ во организација на Детскиот културен центар – Карпош во рамки на Европската недела на мобилност


Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се одржи денеска по 12-ти пат со почеток од 10:00 часот на Фонтана Лотус, како традицоонална поддршка која ја дава ЈУ Детски културен центар – Карпош во рамки на  Европската недела на мобилност, што се одржува од 16 септември до денеска. Целта на оваа манифестација, како што се наведува […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“ во Гази Баба


Прекин во водоснабдување изутринава од 8:30 часот ќе имаат корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“ во општина Гази Баба. Прекинот, како што информира ЈП Водовод и Канализација е поради промена на вентили од 2.5 цола во шахта на ул.„Јани Лукровски“ 14/1 во населба Автокоманда, ЈП Водовод и Канализација додава дека прекинот […]

Променливо облачно и ветровито


Променливо облачно време со сончеви преиоди, свежо и ветровито, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 […]

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда


Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда. Со поставувањето на плочата, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член […]

Полскиот амбасадор во Македонија во посета на валандовскиот локалитет Стакина чешма


 Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денес оствари средба со ополномоштениот министер и раководител на полската дипломатска мисија во Македонија, Мариуш Бримора, на археолошкиот локалитет Стакина чешма. Според информациите од општинските власти, посетата на археолошкиот локалитет, во присуство на директорката на Националниот археолошки музеј, Магдалена Манаскова, и директорот на НУ Завод и Музеј – Струмица, […]

Деветта жртва на западнонилска треска


Уште еден пациент почина како последица на Западнонилска треска, со што бројот на смртни случаи од болеста се искачи на девет. Како што информира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, станува збор за 66-годишен пациент со потврдена невроинвазивна форма на болеста, кој бил хоспитализиран 28 дена и бил на механичка вентилација. Пациентот имал […]

Вечниот оган во центарот на Скопје, за 35 години независност доби сандали


  Вечниот оган, во паркот „Жена борец“, во Скопје, првпат запален во 2012 година, на Денот на независноста,  денес, неколку смени на власта и надлежноста подоцна, и две недели по помпезната прослава на 35 години од независноста, доби сандали.  Ниту некој се грижи за него, ниту некој го обновува, ниту некој од властите го спомнал, […]

Дизелот поскапува 5,50 денари за литар, ќе чини 104,50 денари


  Од полноќ возачите ќе треба да издвојат 5,50 денари повеќе за литар дизел гориво, додека оние чии возила се на „обичен“ или „супер“ безоловен бензин, ќе плаќаат помалку, за 1,50 денари за литар. Ова го одлучи Регулаторната комисија за енергетика која ги соопшти новите цени на горивата, кои што важат од утре. Така, од […]