Сопругата на премиерот на приемот кај Меланија Трамп


 

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, синоќа присуствуваше на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Приемот беше организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“, чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование.