Дел од Тафталиџе утре без вода


Дел од скопската населба Тафталиџе утре ќе биде без вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. -Ве известуваме дека на ден 12.09.2024г. поради дефект во шахта Ф-2цола на ул.Васил Чакаларов 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, стои во соопштението.

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема


Во текот на 2024 година, а заклучно со 8 септември, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица од ковид-19. Во август е регистрирано зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во првата недела од септември, пак, регистрирани се 111 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако здравствените власти препорачуваат исклучиво вакцинација како …

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема Read More »

Непречен старт на грејната сеозна – да се стави во функција топловодот под мостот „Беласица“


Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и новоназначениот генерален директор на ЕСМ Лазо Узунчев.  Како што информираат од РКЕ, во присуство на нејзините членови и дел од раководството на ЕСМ се разговарало за активностите на кои компанијата ќе се посвети за …

Непречен старт на грејната сеозна – да се стави во функција топловодот под мостот „Беласица“ Read More »

Битола и Прилеп со бројни проекти аплицираат за поддршка од Владата


 Општина Битола достави 16 апликации со инфраструктурни проекти за финансирање по јавен повик објавен од Владата. Проектните апликации потпишани од градоначалникот Тони Коњановски се со комплетно подготвена проектна документација и во вредност од над 4 милиони евра. Станува збор за изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела …

Битола и Прилеп со бројни проекти аплицираат за поддршка од Владата Read More »

Лимани: Подготвени сме да одиме на предвремени избори доколку не биде изгласан законот за локална самоуправа


Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани смета дека Законот за локална самоуправа кој е во собраниска расправа треба да помине и на тој начин да се заштеди на вонредни избори, но, ако не помине, тој и неговите поддржувачи се подготвени да одат на избори. Лимани, кој на оваа функција дојде откако поранешниот …

Лимани: Подготвени сме да одиме на предвремени избори доколку не биде изгласан законот за локална самоуправа Read More »

Струмица е прва општина со електричен јавен превоз


  Општина Струмица е првата која обезбеди електрични автобуси за јавен превоз. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на оптина Струмица, а капацитетот на секој автобус е за 48 патници. Еден месец превозот ќе биде бесплатен, а потоа цената на билетот ќе биде 30 денари. Јавниот превоз е наменет за …

Струмица е прва општина со електричен јавен превоз Read More »

Град Скопје аплицира на владиниот повик за поддршка – бара 95 еколошки автобуси


Град Скопје денеска до Министерството за локална самоуправа ги достави проектите согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје. Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии …

Град Скопје аплицира на владиниот повик за поддршка – бара 95 еколошки автобуси Read More »

Се одложува концертот „Нешто што ќе остане“, ќе се чекаат подобри временски услови


Поради временските услови Општина Центар ја известува јавноста дека концертот „Нешто што ќе остане” кој беше закажан за 14 септември во Паркот на Франкофонија ќе биде одложен. Станува збор за концерт кој се одржува под ведро небо и на кој треба да настапат Влатко Лозаноски, Пајак, Лара, Таско, FIC & D’INVISIBLES и Сашко Коцев како …

Се одложува концертот „Нешто што ќе остане“, ќе се чекаат подобри временски услови Read More »

Од 16 септември девет нови лекови на позитивната листа


Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.  На товар на ФЗО ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и …

Од 16 септември девет нови лекови на позитивната листа Read More »

На повикот за проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра во текот на вчерашниот ден аплицирале 10 до12 општини


Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа.  Премиерот Христијан Мицкоски очекува овој процес да заврши успешно. Како што денеска изјави само во текот на вчерашниот ден апликации поднеле 10 …

На повикот за проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра во текот на вчерашниот ден аплицирале 10 до12 општини Read More »

Јаневска: Вишокот наставници може да работат втора смена или во БРО и во ДИЦ


Да нема паралелки од по 10 – 15 ученици, туку најмалку 20, што секако ќе доведе до вишок наставници, но тие може да работат во втора смена, со оглед на тоа што министерката за образование Весна јаневска предлага подолг престој на учениците во училиштата, а соодветно на тоа и на на наставниците. Дополнително, на дело …

Јаневска: Вишокот наставници може да работат втора смена или во БРО и во ДИЦ Read More »

(Во живо) Изјава на министерката за образование Јаневска


Изјава на министерката за образование Весна Јаневска на настанот насловен: „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ. 

ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал


Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и …

ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал Read More »

Необична работилница „Козметички третман на велосипед“ го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week


На 14. септември во PUBLIC ROOM во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week. Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска.   Велосипедистите кои …

Необична работилница „Козметички третман на велосипед“ го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week Read More »

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните


 По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот. По состанокот бил донесен заклучок кој треба да …

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните Read More »

Најмногу дожд во Куманово


 Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Куманово 52 литри на метар квадратен.  Како што соопшти УХМР, 26 литри на метар квадратен наврнало во Битола, 16 во Виница и Попова Шапка, 13 во Велес, 11 во Демир Капија и Крива Паланка, 10 во Берово и Скопје – Зајчев Рид, 9 во Гевгелија и Штип, 8 …

Најмногу дожд во Куманово Read More »

(Во живо) Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни


Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари. Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор …

(Во живо) Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни Read More »

Филипче на промоцијата на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ќе присуствува на промоцијата на нови електрични автобуси за градски превоз во Струмица. Како што информира СДСМ, настанот ќе се одржи на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица со почеток во 12 часот, по што предвидено е Филипче да даде изјава за медиумите.  Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, претходно …

Филипче на промоцијата на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица Read More »

Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница


Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните …

Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница Read More »

Облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 18, а максималната од 17 до 27 степени.  Во Скопје променливо облачно, претпладне …

Облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи Read More »