Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА


Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени […]

МЗ: Хоспитализираните во странство во стабилна состојба, помош од повеќе држави


Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба.  За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице […]

Клековски: Испратените во странство од Кочани се стабилни


Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани. – Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4.  Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска […]

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените


Бугарската амбасада во Скопје информира дека Бугарија е подготвена да обезбеди транспорт и сместување за најблиските членови на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Софија, Пловдив и Варна. Од Амбасадата ги повикуваат семејствата на пациентите да се обратат за дополнителни информации и организација на следните телефонски броеви: 📞 […]

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија


Авион на Војската на Србија со четворица лекари и четири медицински техничари полетал кон Македонија за да преземе повредени од несреќата во Кочани, објави Блиц. Според планот, со овој авион треба да бидат преземени 12 пациенти кои ќе бидат префрлени во Воено-медицинската академија (ВМА) и во Клиничкиот центар на Србија. Двајца пациенти со воени санитетски […]

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца


Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца. Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција. По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани


Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.   – Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на […]

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите


По трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе во дискотека во Кочани, каде изби пожар, а 155 беа повредени, повеќе луѓе, хотели и други институции нудат сместување за најблиските на повредените.  Сместување нудат најмногу за Скопје, но има и за Бугарија, Грција и другите змји што примија пациенти од Македонија. Доколку имате потреба од сместување […]

(Во живо) Коцевски за резултатите од истрагата, имало хорор со изигрување на законите


  Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва ги објави резултатите од досегашната истрага, соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот – немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија издадена уште пред петнаесетина години а […]

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица


Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица. Се бара дали министерот Бектеши бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на […]

Штипјани се простуваат од загинатите во несреќата во Кочани


На градскиот плоштад во Штип вечерва се собираат граѓани кои палат свеќи за загинатите во трагичната несреќа во Кочани, јави дописникот на МИА од овој град. Во пожарот во Кочани загинаа петмина граѓани на Штип меѓу кои три деца и двајца возрасни. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“


Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. – Во овие критични моменти, Клиниката „Жан Митрев“ е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори […]

Грчката полиција го „чисти“ патот од други возила за амбулантните со пациенти од Македонија


Грчката полиција го ослободува патот од други возила, за да може амбулантни возила да стигнат што е можно побргу до нивните клинички центри каде се пренесуваат дел од повредените пациенти во трагедијата во дискотеката во Кочани. „Трите медицински транспортни возила на „Аџибадем Систина“ кои напладне вршеа меѓународен транспорт на поврдените пациенти од КАРИЛ до здравствена […]

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници


Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.  Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.  Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до […]

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани


 Eвропската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.  Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден. Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку […]

Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани во странство


 Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој […]

Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко повредени во пожарот во Кочани


По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на […]

Во македонските болници има 117 пациенти од несреќата во Кочани – 13 испратени на лекување во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти официјални информации за состојбата на пациентите повредени во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, потврдувајќи дека сите се згрижени и во стабилна, релативно добра состојба. Вкупно 117 пациенти од пожарот се лекуваат во здравствени установи низ државата, додека 13 се испратени на лекување во странство, а постои план […]

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје – роднините блокираат


Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.