Необична работилница „Козметички третман на велосипед“ го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week
На 14. септември во PUBLIC ROOM во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week.
Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска.
Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед. Идејата на работилницата „Козметички третман на велосипед“, е да истражи дел од бесконечните можности за надградба на дизајнот и естетиката на велосипедот.
“Недела на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Мала Станица, Јавна соба и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол. Мотото на годинешното издание е “За новата генерација на Скопје!