Заев: Клучно е да ги мотивираме младите да спортуваат


Мисија на оваа Влада е да го промовира спортот во Република Македонија, со посебно внимание на младите спортски таленти. Спортот е најдобриот амбасадор посебно за малите држави. Клучно е да ги мотивираме граѓаните, а посебно младите да спортуваат. Ова го истакна премиерот Зоран Заев, кој во пресрет на одржувањето на годинашниот „Виз ер скопски маратон“ денеска […]

Притвор за уште две лица за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“


Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје (Дом за деца „25 […]

Над 10.000 учесници в недела на „Виз-ер Скопскиот маратон 2018“


На денешната прес-конференција, којашто се одржа во Парк Хотел и Спа градоначалникот Шилегов, директорот на Агенцијата за  млади и спорт , Дарко Каевски, и директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, ги изнесоа деталите за четиринаесетиот Скопски маратон, којшто ќе се одржи на 6 мај, недела, 2018 година. – Градот Скопје традиционално е домаќин […]

Главниот град викендов во знакот на „Виз Ер Скопски маратон“


Рекордни над 10.000 учесници од 58 земји се пријавени на 14.то издание на „Виз Ер Скопски маратон“ што ќе се одржи в недела на 6 мај. Во Скопје пристигна и главниот промотор на годинашното издание поранешната светска шампионка Пола Редклиф. – Драго ми е што пристигнав во Скопје и сум слушнала убави работи за овој маратон. […]

Џафери: Иднината на нашата земја е во европското семејство


Република Македонија уште од самиот почеток на своето осамостојување, јасно и недвосмислено го зацрта својот пат и ги определи своите стратешки приоритети. Еден од нив е полноправното членство во Европската унија и за тоа имаме несомнена поддршка од сите граѓани. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на одбележувањето на […]

Македонија и Грција во Солун договорија интензивирање на соработката меѓу полициите


Интензивирање на напорите за формално етаблирање на размената на информации преку воспоставување на заеднички Контакт центар за полициска соработка меѓу Македонија и Грција е еден од заклучоците што се постигнаа денеска во Солун. На средбата освен министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, учествуваа и министри за внатрешни работи и за транаспорт. Министерството […]

Во Кривичниот суд се гледаат снимките од претепувањето на Села


Во судницата во Кривичниот суд попладнево е пуштена снимка од безбедносната камера во Собранието на Република Македонија, на која се гледа Зијадин Села со крваво лице го влечат низ собраниските ходници на 27 април минатата година. Претходно, на денешното рочиште беа пуштени и три други снимки направени од мобилен телефон од присутните во Собранието. На првата […]

(Фото) Тетовци протестираат против отворање ново казино во градот


Со предупредувачка блокада на булеварот „Илинденска“’ во близина на крстосницата со регионалниот пат за Брвеница дел од жителите на Тетово од овој крај на градот го изразија својот протест поради најавеното отворање на ново казино во оваа населба. Тие носеа транспаренти Библиотека – не казино, Тетово има потреба од јавен превоз а не казино, Стоп […]

На 12 мај средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Атина


Следната сабота, на 12 мај, според информациите на дописничката на МИА од Грција, ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, во Атина. Никола Димитров и Никос Коѕијас, еден ден по учеството на конференцијата што ќе се одржи во петок во […]

Заев: Владата покажа дека го слуша гласот на граѓаните и дека заеднички ги носиме одлуките


Владата на Република Македонија во изминативе месеци покажа дека го слуша гласот на граѓаните и дека заеднички ги носиме одлуките. Пред Македонскиот полициски синдикат (МПС) и неговото раководство секојдневно стојат проблемите и отворените прашања на речиси осум илјади полицајци, но решенијата на тие прашања се и обврска на Владата. Ова денеска го истакна премиерот Зоран […]

(Фото) Димитров и Коѕијас разговарале за комбинации од потешките прашања во преговорите


Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на маргините на денашната квадрилатерална средба во Солун истражувале опции и комбинации за потешките прашања од преговорите за името, кои би биле прифатливи за двете страни. – Како што знаете разлики се уште има. Ова што вчера и денеска го правевме е испитување […]

Маж хоспитализиран, откако бил претепан од три лица во Батинци


Жител од село Батинци бил физички претепан од три лица, по што е хоспитализиран, соопшти МВР. Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:20 часот е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Ургентен центар) било донесено лицето Е.И.(27). Тој во селото бил физички нападнат од лицата Р.С., Ш.А. и С.М. Лекар во клиниката констатирал […]

(Фото) Елитните единици на МВР покажаа што умеат


Под мотото „Полицијата за граѓаните“ МВР го започна одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција со тактичко-показна вежба на припадниците од Единицата за специјални задачи која во три различни ситуации ги демонстрираа тактичко-техничките способности во касарната „Ѓорче Петров“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека оваа тактичко-показна вежба е еден од начините […]

Адвокатската комора на Македонија утре ќе избира нов претседател


Адвокатската комора  утре во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе  се изврши избор на нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски. Како што објавија дел од медиумите, во игра за претседателското место на Адвокатската […]

Медицински сестри ќе се грижат за оперираните пациенти откако ќе бидат пуштени од болница


Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на  вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информира денеска на прес-конференција Владимир Милошев, државен секретар во Министерството. Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист. – Целта на […]

(Фото) Тргна електричниот автобус на линијата со број 15


Во наредните шест месеци електричен автобус ќе сообраќа на линијата со број 15 од Карпош до Ново Лисиче. Станиците за полнење ќе бидат поставени на последните станици на оваа линија. Целта на овој проект е да се види ефектот врз животната средина и заштедата на средства, со цел да може да се планира модернизација на […]

Димитров од Солун: Ја делиме истата судбина со ЕУ, но уште не сме на масата


Ја делиме истата судбина со ЕУ, но се уште не сме на масата, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на третиот квадрилатерален министерски состанок на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, кој се одржува денеска во Солун. – Политички ние сме дел од ЕУ, географски веќе сме таму, ја делиме истата економска судбина во однос […]

СЈО влезе во „Македонски пошти“


Претставници од тимот на Специјалното јавно обвинителство вчера влегле на увид во ЈП „Македонска пошта“, каде била побарана документација поврзана со некоја од предистражните постапки, пренесе Макфакс. Исто така, постојат и индиции дека тимови на СЈО посетиле и други институции, од каде собирале информации за постапките кои ги водат. Официјална потврда за информациите на Макфакс […]

Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана. -Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа […]

Иванов тврди дека го информирал Заев за кандидатурата на Богов за гувернер


Со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област, информираат од Кабинетот на […]