Адвокатската комора на Македонија утре ќе избира нов претседател


Адвокатската комора  утре во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе  се изврши избор на нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски.

Како што објавија дел од медиумите, во игра за претседателското место на Адвокатската комора се петмината адвокати Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ.

Воедно утре ќе бидат одржани и „Денови на македонската адвокатура“, со што се одбележува 73 година од основањето на Адвокатската комора и 73 години адвокатура во Република Македонија, која во континуитет претставува носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.

На настанот, како што информират од Адвокатската комора, се очекува да присуствуваат претставници на македонското правосудство, претставници на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница, претставници на адвокатски комори од повеќе држави, членови на Адвокатската комора на РМ и бројни почитувачи на адвокатурата и правото.

Во рамки на настанот свое излагање ќе има претседателот на АКРМ, Никола Додевски, претставници на институции, како и претставници на адвокатски комори од регионот