СЈО влезе во „Македонски пошти“


Претставници од тимот на Специјалното јавно обвинителство вчера влегле на увид во ЈП „Македонска пошта“, каде била побарана документација поврзана со некоја од предистражните постапки, пренесе Макфакс.

Исто така, постојат и индиции дека тимови на СЈО посетиле и други институции, од каде собирале информации за постапките кои ги водат.

Официјална потврда за информациите на Макфакс уште нема, ниту пак е познато за каква документација станува збор.