Со сведочење на тројца сведоци продолжи судскиот процес „Тарифа“


Со сведочење на тројца вработени во АД ЕЛЕМ денеска се одржа рочиштето за предметот „Тарифа“ во кој е обвинет поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица за противзаконска набавка на софтверски систем вреден околу четири милиони евра. Раководителот за набавки во АД ЕЛЕМ Никола Стојановски на прашање на одбраната рече […]

Мицкоски за „Независен“: Со уставните измени стануваме бинационална творба


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски стравува дека со најавените уставни измени, покрај менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба. Покрај тоа, изразува сомнеж дека премиерот Заев договорил нова бенефиција за албанската заедница во пресрет на претседателските избори. Повторува дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е непроменлив: тие […]

Бучковски: Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина


За една година Македонија направи сериозен исчекор во својата евроатлантска иднина, изјави професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и министер за одбрана во емисијата „Светот е бизис“ на бугарската „Блумберг ТВ“. – Референдумот за името е историски момент за Македонија, насочен е кон изборот за приклучување кон ЕУ. За жал, договорот со Грција беше единственото можно […]

Mигранти од Иран пронајдени во скопско возило


На автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, во патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблици се пронајдени девет лица мигранти од Иран. Како што денеска соопшти МВР, полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки превезуваат мигранти. – Полициски […]

Од утре повторно заладување: Подгответе се за температури под нулата


Температура под нулата за утре наутро најавуваат метеоролозите на повисоките места и по одделни котлини. Според прогнозата утре температурата под нулата ќе се спушти во Берово на минус четири, Маврово минус три, Крива Паланка минус два и Битола минус еден. Во другите делови ќе бидат над нула, а максималната утринска ќе достигне шест степени во […]

Иванов ќе бојкотира, па ќе се пензионира


Својата, веројатно, последна посета на САД како претседател на Македонија, Ѓорге Иванов ја искористи за оттаму да испрати пораки за бојкот на претстојниот референдум за името, проблем што подолго од две и пол децении го попречуваше остварувањето на стратегиските приоритети на државата. Со сличен тоналитет се очекува да биде и утрешното обраќање на Иванов пред […]

Иванов утре ќе се обрати на Генералното собрание на ОН


Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе се обрати на 73. Генерално собрание на Обединетите нации кое годинава се одржува на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества. Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, вчера присуствувал на отворањето на генералната дебата на Генералното собрание […]

Тупурковски се јави: По 27 години ова е единствено реално решение


Договорот за името треба да го прифатиме како единствено реално решение. На референдумот на 30 септември нема да водиме партиски борби, туку ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, изјави за МИА професорот по меѓународно право, основач и претседател […]

Шестотини илјади гласа „за“ ќе му дадат легитимитет на референдумот


Доколку има еден глас против повеќе на референдумот, Владата ќе се поклони и ќе каже „оваа работа не поминува“. Ако мнозинството каже „да“, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, но процедурата ќе се врати во Собранието. Само неколку часа по оваа изјава на шефот на дипломатијата Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ […]

МВР ќе издава лични карти во сабота и недела


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29 и 30.09.2018). Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само […]

Македонија утре го почнува скрининг процесот за преговорите со ЕУ


Македонија в четврток го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија. Во Европската комисија во Брисел утре заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, која ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Во делегацијата ќе биде и министерката за […]

Телохранителот на Спасовски до обвинетите: Јас Ви простувам, но судот ќе пресуди


Она што им се случило попладнето на 27 април минатата година во Собранието, сведоците повторно го преживуваат во судница. Ацо Ангеловски, кој тогаш го обезбедувал тогашниот пратеник, а сегашен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се сети на ужасните сцени додека дел од обвинетите му поставуваа прашања што обвинителката Вилма Рускоска ги нарече неуспешен обид […]

Прво рели со олдтајмери во Скопје


КК Примо авј и О.К. Класик под покровителство на Општина Центар в сабота (29 септември) организираат манифестација од еднодневен карактер Олдтајмер Рели Скопје 2018. Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени […]

Одбележување на Светскиот ден на глуви и наглуви


Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија во петок ќе го одбележи Светскиот ден на глуви и наглуви и 70-годишнината од своето основање со манифестација што ќе се одржи во Македонска Филхармонија. На манифестацијата ќе присуствуваат повеќе од 250 членови (глуви и наглуви) од здруженијата низ цела Македонија, глуви ученици од училиштата Партеније […]

Почнува гласањето на референдумот


На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија (ДИК) денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот. Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и […]

Продолжува раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство и за предметот „Тарифа“. На претходните рочишта на раздвоената постапка  за „Тенк“, која се води против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беа изнесен материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во […]

Сончево и свежо со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Маврово утре УХМР прогнозира најниска утринска температура (нула), до највисоки девет степени во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од 18 до 22 степена. Во Скопје температурата утре ќе […]

Почина Ѓоре Ценев, предавач и менаџер на Планетариумот при МКЦ


Младинскиот културен центар вечерва соопшти дека ненадејно починал долгогодишниот предавач и менаџер на Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје Ѓоре Ценев. Ценев дипломирал Физика, насока инженерство на Институтот по физика при Природно математичкиот факултет во Скопје 1979-та година. Во 1980-та година се вработува како менаџер и предавач во Планетариумот во Скопје, единствената установа од таков вид […]

Заев: Со опозицијата имаме консензус по многу прашања, дури и за референдумот


Со опозицијата досега имаме убав дијалог и консензус по многу важни прашања, а тоа се потврдува затоа што пратениците заедно гласаа и за двотретински и за закони со просто мнозинство. Последно заедно го избравме новиот директор на ОТА и тоа е добро, надежно. Дури и за референдумот, Мицкоски не е свесен дека имаме консензус, изјави вечерва премиерот […]

Ахмети: На 30 септември се одлучува за европската иднина на земјата


Демократската унија за интеграција (ДУИ), вечерва на плоштадот „Скендербег” во Скопје го одржа централниот собир за референдумот на 30 септември. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на собирот рече дека приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор. – Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт […]