Карневалска атмосфера и во Прилеп, се одржува „Прочка 2019“
Прилеп денеска е во голема карневалска атмосфера. Се одржува меѓународниот карневал „Прочка 2019“. Во центарот на градот пред голем број прилепчани и преку 1.000 посетители од соседните земји, дефилираа повеќе од 600 маски од земјава и од целиот Балкан. Традиционално, дефилето го отворија прилепските мечкари, како заштитна маска на Карневалот, а атмосферата ја развеселија мажоретките-гости […]