Ахмети: Консензуалноста е концепт на обединета Европа

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во рамките на изборната кампања за Претседател на државата, пред граѓаните на Гостивар рече дека сега се преминува во нова фаза на унапредување на нашите политики и за оваa политика малите политички партии немаат капацитет и не се спремни бидејќи ова е голем проект.
“Ова е проект на промена не само на менталната структура, но и на инсталирање на една филозофија и концепт кој што е корисен и оправдан за сите граѓани на Северна Македонија. Да беше убеден Али Ахмети само еден грам дека нема да го унапреди албанското прашање, никогаш немаше да учествувам во ниту еден проект, но сум убеден дека албанското прашање со овие политики ќе оди напред и ние ќе бидеме победници, ќе победиме сите. Ова е концепт на модерните држави и концепт на обединета Европа”, истакна Претседателот Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Ахмети истакна дека имат постапено храбро бидејќи граѓаните знаат, Албанците ќе анализираат, ќе мислат до 21 април за кого ќе го дадат нивниот глас, за иднината или за фолклоризмот.
,,Два пати сме учестувале на претседателски избори и ни изгледаше дека го мешаме морето со стап, бидејќи не се материализираше и има шест години откако ние го работиме овој концепт, ова филозофија, за да биде подобро за Албанците, но и за другите. Нашите сограѓани Македонците да ги надминат предрасудите така како што нам ни останаа некои ситни предрасуди и тие да ги отстраниме бидејќи ова држава оди напред кога сме заедно и не треба да се откажеме од ова држава, од сопственоста на нашите предци, бидејќи ова држава е нашата земја, тука е нашата историја и тука треба да ги тераме процесите напред, вака како што сме започнале на овој прав пат. Ова е неизоден пат, но неизодените патишта и тие кои што ги отворивме се само за храбрите. Ние сме направиле анализи, затоа што што не се оди на слепо по патот затоа што поголемиот дел од Албанците ова филозофија и овој концепт го поддржуваат за да го материјализираме и да излеземе победници на 21 април за Македонија во НАТО и ЕУ и за рамноправност за сите граѓани на Ова земја” , истакна во неговиот говор Претседателот Ахмети.
На крај, Претседателот на ДУИ, Ахмети подвлече дека Албанците се сопственици на ова земја и не се кираџии и дека ова е докажано.
“Денес со гордост го вееме нашето национално знаме, денес со гордост се држи настава на Албански јазик на три Универзитeта, денес со полиција, со професионални војници, јавна и државна информација, денес се пишува и се говори во институциите на ова земја, во земјата на нашите предци, затоа да не се двоумиме, туку да да ја засилиме и да го поддржиме концептот на иднината бидејќи на 21 април се гласа за подобра иднина на земјата”, истакна пред граѓаните на Гостивар претседателот на ДУИ, Ахмети.