Кирил и Билјана Ахтарови избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал


Брачниот пар Кирил и Билјана Ахтарови од Струмица се избрани за принц и принцеза на синоќешниот традиционален маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“. Тие вечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат поворката на Интернационалната карневалска вечер. „Ни претставува чест и привилегија да го предводиме интернационалното карневалско дефиле. По вторпат од нашата […]

Македонско-грчка средба во Кавадарци: Ќе се отвора граничен премин Пуљевац


Кожуф и Поткожувјето, како еден од најубавите делови на општина Кавадарци, да не бидат  слепа точка и крај на светот туку поврзани со Европа и Република Грција, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по македонско-грчката средба во неговиот кабинет, на која се разговараше за граничен премин во Кавадаречко. Покрај пратеници од тиквешијата, на синоќешниот состанок беше […]

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат


Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни во претседателската трка се Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Пендаровски, покрај потписите од […]

Мијалков и Ибраими приведени во Затворот Скопје


Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими кои денеска од судот добија затворски казни попладнево се спроведени во притвор во Затворот Скопје . Информацијата ја потврди директорот на затворот Ѓоко Котевски. Притворот беше побаран од обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи откако судот ја соопшти пресудата за предметот „Титаник 2“, а поради постоење опасност од бегство. Ибраими доби […]

Цвеќе за примерните жени возачи


Отсекот за превенција при СВР-Тетово, заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот, денеска на повеќе локации низ Гостивар и Тетово реализираа мотовирачко-празнична акција. Во акцијата акцентот беше ставен на жените возачи кои возат примерно. – Со денешева акција сакавме да ги пофалиме и истакнеме совесните жени возачи кои доследно ги почитуваат сообраќајните правила и […]

Заев – Анагностопулу: Испишуваме позитивна историја


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше средба со алтернативна министерка за надворешни работи на Република Грција Атанасиа Анагностопулу, на која било констатирано дека постигнатото решение на долгогодишниот спор е силна порака дека Балканот може да биде носител на мир, стабилност и солидарност, спротивно на досегашните перцепции за овој регион, и […]

(Видео) Се повлекува епизода од „Симпсонови“ во која гласот го позајмува Мајкл Џексон


Откако го изгледале документарниот филм „Живеејќи во Неврленд“, продуцентите на анимираната серија „Симпсонови“, одлучија да повлечат една епизода, во која пејачот Мајкл Џексон позајмува глас на еден од ликовите. Контроверзите што се појавија околу починатиот пејач Мајкл Џексон, по емитирањето на документарниот филм, ги натера и продуцентите на „Сипмсонови“ да ја повлечат епизодата во која […]

Осмомартовски марш – Жените и во 2019 и натаму нееднакви со мажите


Жените во земјава и во 2019 година не се еднакви со мажите на социјално, економско и политичко ниво. Тие и понатаму се пообразовани, но остануваат помалку активни на пазарот на трудот. Насилството врз жените и девојките е жална вистина во Република Северна Македонија, а стереотипите, насилството и мизогенијата кон жените во приватната сфера, но и […]

Шекеринска: Сметаме на брз и ефикасен процес на ратификација на Протоколот за членство во НАТО


Заменик претседателката на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска во рамки на посетата на САД, чија цел е да се забрза ратификацијата на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО, во Белата куќа се сретна со директорот за европски прашања Вилијам Беркли и со советничката на потпретседателот на САД Мајк Пенс, Лаура Габриел […]

Филипче: Двајца пациенти со грип се во критична состојба


Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека, за жал, се случиле такви медицински компликации што не можело да се спасат животите на оние кои […]

Ципрас во посета на Скопје на крајот од март или почетокот на април


Премиерот на Грција, Алексис Ципрас на крајот од месецов или почетокот на следниот ќе го посети Скопје, јави дописничата на МИА од Атина, повикувајќи се на високи грчки владини извори. Ципрас со патувањето кај нас, воедно ќе биде првиот претседател на грчката Влада што ќе дојде во официјална посета на Република Северна Македонија. Патувањето во […]

Сугарески: Да не се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип додека не се пушти


Додека не завршат сите неопходни проверки и додека официјално не биде пуштен во употреба новиот автопат Миладиновци -Штип, граѓаните да не возат по него апелира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. – Градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип во сите три секции се комплетно завршени. Автопатот е многу важно да биде пуштен во употреба и тоа […]

Димитров и Анагностопулу потпишаа Спогодба за отворање на ГП Маркова нога-Лемос


Шефот на дипломатијата Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу денеска во Скопје потпишаа Спогодба за отворање на нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога – Лемос. Како што соопшти МНР, ова е прв договор потпишан меѓу Северна Македонија и Грција, согласно одредбите од Конечната спогодба, со кој се очекува […]

Мијалков: Не бегам, ќе си ја одлежам казната


Осудениот Сашо Мијалков, кој за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности доби казна од три години затвор, а за него обвинителката Фатиме Фетаи побара одредување притвор, рече дека нема да бега, и дека ќе ја одлежи казната. „Нема потреба од притвор, нема да избегам, а ако повисокиот суд ја потврди казната, ќе си ја одлежам“, […]

Побарана мерка притвор за Мијалков и за Ибраими


Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за Бедредин Ибраими и за Сашо Мијалков. Како што појасни таа, постоело опасност од бегство на Мијалков кога за него само се воделе случаи, а сега кога има пресуда, таа опасност од бегство, значително се зголемува. Фетаи, за Бедредин Ибраими појасни дека за цело време на судењето, не […]

Казна од три години затвор за Мијалков, 4,5 за Бедредин Ибраими


За случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности судот ги прогласи за виновни сите обвинети. Мендух Тачи за злоупотреба на службена положба е виновен, а судот му одреди казна затвор од 3 години и два месеци. Бедредин Ибраими доби 4 години и 6 месеци затвор. Влатко Сајковски е виновен, па доби казна затвор од три години. […]

Заев: Кога жените губат, сите губиме


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Во неа вели: „Кога денеска го славиме овој празник треба да прифатиме дека во нашето општество има сѐ уште области во кои преовладуваат конзервативните и премногу застарени принципи за улогата на жената. Тоа го менуваме, […]

Хелсиншки комитет: 70 фемициди за осум години


Седумдесет и два отсто од жртвите на семејно насилство минатата година биле жени, односно во 2018 година, 919 лица се евидентирани како жртви на семејно насилство, а од нив 665 се жени. Само 15 отсто од министрите се жени, а процентот е уште помал кај градоначалниците на општините, бидејќи само 7,4 отсто од нив се […]

Изгаснати сите пожари во Кичевско


По напорните обиди во претходните четири деноноќија, кичевските пожарникари успеаја да ги изгаснат сите пожари што избувнаа на неколку локации во Кичевско. -Утрово не е активен ниту еден пожар на територијата на нашата општина, изјави Емин Насуфи од Општина Кичево кој ги пофали кичевските пожарникари, припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и Кризниот штаб. […]