Таравари: Изјавата за идеолошката близина со ВМРО-ДПМНЕ е пред две години

Генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, вели дека изјавата во која тој оценува дека како десна партија се идеолошки поблиску до ВМРО-ДПМНЕ, ја дал пред две години меѓу двата изборни круга на локалните избори во емисијата „Во центар“.

Дел од медиумите таа изјава ја ставаат во корелација со можната поддршка на Алијансата на Албанците за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, во вториот круг.

„За такво нешто никој не разговарал. Ние застанавме зад кандидатот Блерим Река чија поддршка постојано расте. Очигледно станува збор за оркестриран напад, но не знаеме дали е сервиран од кујната на ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ, бидејќи реално и со двете страни не сме блиски. Алијансата на Албанците е десна партија и само од тој аспект тогаш го кажав тоа“, вели за „Независен весник“, градоначалникот на Гостивар. (Н.К.)