Првиот човек на ЕПП ја поддржа Силјановска: Таа е вистинскиот кандидат

Претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова.

„Посакувам Силјановска да има силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против кopyпцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека. Изборите треба да бидат слободни и фер“, порача тој.

ВМРО-ДПМНЕ е дел од семејството народни партии, кое е најбројно во Европскиот парламент.