Николовски: Не сум човек ниту на Заев ниту на Шекеринска


Новиот генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски вели дека негово било барањето да отстапи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -СДСМ направи длабинска анализа во претходниот период, заедно со претседателот и Централниот одбор на вчерашната седница по четиричасовна демократска и отворена дебата со огромно единство ги констатираше оставките на генералниот секретар и потпретседателите на […]

Заев: Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан


Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан и ќе ги обесхрабри сите непосакувани влијанија во регионот, рече премиерот Зоран Заев на предавањето и јавна дебата во организација на ИФИМЕС во Љубљана, на која учествуваше во рамки на дводневната официјална посета на Република Словенија. Тој […]

Царовска: Верувам во Зоран Заев, секоја промена носи свежина


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со промените во СДСМ и најавените промени во Владата, истакна дека смета оти секоја промена носи свежина и дека е добро што оваа се случува на половина од мандатот кога може да се направат пресеци. Министерката е […]

Царовска: Го реформираме социјалниот систем за да ги извлечеме граѓаните од сиромаштија


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека со пакетот социјални закони се реформира целиот систем на социјална заштита со цел да се извлечат граѓаните од ранливите категории од сиромаштија, ќе се спречи трансгенерацискиот пренос на сиромаштијата од едно на друго колено, со тоа што ќе им де дадат повеќе средства, но и […]

Османи: Унгарија е зинтересирана за успех на европските перспективи на Северна Македонија


Како непосреден сосед на Западниот Балкан, Република Унгарија има директен интерес од европските перспективи на регионот, создавајќи стабилно окружување и во поширокиот дел на источна и југоисточна Европа, како основа за остварување на долгорочна безбедност и стабилност на целиот континент, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со унгарскиот министер за […]

Жбогар: Република Северна Македонија е на вистинскиот пат во евроинтегративните процеси


Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска од Охрид оцени дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации. – Кога ќе се застане и ќе се види што се е сторено изминатите месеци или години, се гледа напредок. Знаеме дека граѓаните гледаат критички на процесите, дека очекуваат повеќе. […]

Се бара начин да се намали бројот на деца питачи на улица


Во Тетово беше промовирано локалното координативно тело во рамки на програмата за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите. Промоцијата е во рамки на проектот „Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми“, при што како најголем проблем се потенцира питачењето. – Имаше повеќе обиди за […]

Грантови од 1.200.000 швајцарски франци за проекти во осумте плански региони


Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и раководителите на Центрите за развој на планските региони денеска потпишаа  договори за реализација на 16 нови инвестициски и иновативни проекти кои што ќе се имплементираат во сите осум плански региони.  Вкупната вредност на проектите е еден милион и двесте илјади швајцарски франци. Средствата се обезбедени во рамките на […]

Се бара воведување на нови 10 празници во Македонија


Ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија. Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република […]

Димитров кај Пендаровски: Потребна е поконкретна соработка


Севкупните состојби во Република Северна Македонија, како и состојбите во регионот биле тема на денешниот разговор меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.  На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, станало збор и за идната соработка меѓу двете институции.  –Претседателот Пендаровски и министерот Димитров се согласија за потребата од […]

Звршија субвенциите за велосипеди во Скопје


Јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипед за оваа година е затворен бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства, информираат од Град Скопје. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре, 28 мај, нема да се примаат. Како што информираат од Град Скопје, на јавниот повик досега се пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање […]

Наместо професионални актери, жени болни од рак ќе глумат во претстава


Приватниот „Интимен театар“ од Битола ја подготвува претставата „Жени“ во која наместо професионални актери, ќе играат битолчанки болни од рак на дојка. Мотивот на режисерката Софија Ристевска за еден ваков исклучително сензибилен театарски продукт е сè поголемиот број жени кои се соочуваат со оваа тешка болест, а во Битола има речиси епидемиски размери затоа што […]

Османи: Очекуваме поддршка од Унгарија за старт на преговорите


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Бујар Османи денеска во Будимпешта се сретна со унгарскиот државен министер за европски работи, Саболч Такач, кој е претставник на Унгарија во Европската унија. -Како земја имаме недвосмислена потврда за остварениот напредок и според политичките и според реформските критериуми, што со сигурност ќе се рефлектира и во содржината на претстојниот […]

GP и Стефонатор во ЗОО Скопје за крајот на училишната година


За крајот на училишната година на 9 jуни во Скопје ЗОО ќе се организира забава со Стефонатор, Џи-Пи Денсерс Јунајтед. Со почеток во 13 часот, посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и […]

Градинките од Центар летово ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст


Детските градинки на територија на општина Центар во текот на летниот распуст ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст од основните училишта на територија на општината и тоа: ЈУДГОЦ “Р.Ј. Корчагин“ во објект “Палешка“ во ГТЦ  – група од 20-30 ученици ЈУДГОЦ “Кочо Рацин“ во матичен објект на ул. “Козара“ – група од 30 ученици ЈУДГОЦ […]

Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан


Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре на покана на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан. Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа, се наведува во соопштението на МНР, претставува […]

Професори во Тетово барале сексуални услуги за полагање на испит


Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. Претежно таквите услуги биле […]

Пендаровски – Дивјак – Томиќ: Европски интегриран Балкан е важен предуслов за просперитетен регион


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ. На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и за актуелните состојби во регионот. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека традиционалното пријателство меѓу двете земји и натаму ќе се зајакнува […]

Се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје


Во следните 20 дена,  ќе се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ на должина од 240 метри, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“. Почетокот на градежните работи на оваа сообраќајница денеска го означи градоначалникот Петре Шилегов. – Денеска екипите на Град Скопје почнуваат да работат на две позиции – […]

Натпреварот за зелени идеи е отворен до 2-ри јуни


Од 11-ти април до 2-ри јуни граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис можат да аплицираат на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“. Здружението за социјални иновации „АРНО“ по петти пат го организира националниот натпревар за зелени идеи и ги охрабрува граѓаните да аплицираат со своја идеја за која можат да добијат 10.000 […]