Филипче: Годинава две нови вакцини – Пневмококна и против Рота вирус


Главните приоритети на Министерството за здравство годинава е комплетно осовременување на календарот за имунизација со воведување нови вакцини што заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, причинители на тешки заболувања најчесто кај малите деца до петгодишна возраст, потенцираше министерот Филипче на денешната работилница „Перспективите и предизвиците во Имунизацијата“, во организација на Светската здравствена организација и […]

До година Скопје треба да добие нов забавен тематски парк


Градот Скопје планира да изгради нов забавен тематски парк „Свет“, на местото од стариот Луна парк, за таа намена нема да се исече ниту едно дрво, најави денеска градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. – Во Скопје за прв пат ќе се гради тематски забавен парк. Ваков парк нема во радиус од 250 километри во […]

Дебаклот на Ципрас ќе може да нè блокира нас


Победите  на Нова демократија на  Киријакос Мицотакис во Грција и на десничарската партија на Марин Лепен во Франција предизвикаа мала вознемиреност околу резултатите од европските избори викендов, пред сè, околу можните негативни рефлексии на нашиот пат кон ЕУ. Разочараниот лидер на Сириза, Алексис Ципрас, најави дека  ќе побара од претседателот Прокопис Павлопулос најверојатно на 30 […]

Антикорупција проактивно да делува, да го користи КЗ за иницијативи за кривично гонење


Земјава бележи континуиран пад на листата на Транспаренси интернешенел во однос на перцепцијата на корупцијата, а најверојатно и на праксата. Генерално Антикорупциска комисија треба да се насочи во четири правци во постапувањето и тоа Законот за спречување корупција и судир на интереси, не само превентивно, туку и од аспект на истраги во делот на финансирањето […]

Од 1 до 13 јуни државна матура, пријавени 15 553 кандидати


Тестот по странски јазик (англиски, француски, германски или руски) на 1 јуни од 10 часот е првиот од трите екстерни испити од државната матура за учебната 2018/2019 година. За матурата годинава се пријавени вкупно 15 553 ученици, од кои 7 692 се од гимназиско образование, 7 604 од средното стручно и 257 од средното уметничко […]

Утре продолжува седницата за одземање на мандатот на Груевски


Во собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски прашања утре ќе продолжи седницата за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски. Откако претседателот на оваа Комисија Павле Богоевски најави оставка од пратеник, се најавува дека со првото продолжение на комисиската седница ќе претседава заменик-претседателката на ова тело Снежана Калевска Ванчева. На седницата во петокот […]

Судењето за „Талир“ одложено за 12 јуни поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски


Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, „Талир”, се одложува за 12 јуни поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски. Судијата Осман Шабани, информира дека во 9.30 пред отпочнување на денешното рочиштето адвокатот на обвинетиот Леко Ристоски доставил поднесок од Клиника за дигестивна хирургија со кој ги известува Судот дека обвинетиот Леко од 17 до 27 […]

Рот: Договорот од Преспа игра клучна улога за мир и стабилност во регионот и следната грчка влада треба да се залага за тоа


Која влада и да победи во Грција сметаме дека ќе застане на ниво на одговорноста за мир, стабилност и помирување во регионот, за кое Договорот од Преспа игра клучна улога, вели заменик-министерoт за надворешни работи на Германија, Михаел Рот во изјава за „Дојче веле“ на грчки јазик во однос на тоа каква очекува да биде […]

Куновска: Обрачот се стега околу водството на СДСМ, наскоро ќе се видат вистинските намери


Поранешната пратеничка и претседателка на скопската организација на СДСМ, Софија Куновска вели дека промените на „Бихаќска“ може да бидат корисни доколку се темелат на принципи, но се сомнева дека тоа е случај сега, иако ќе и биде драго ако времето ја демантира. „Впечатокот е дека обрачот се стега околу врвот на СДСМ. Лошото менаџирање со […]

Затворена за сообраќај една коловозна лента на автопатот Скопје – Велес


Левата коловозна лента од автопатот А1, на делот Скопје – Велес, меѓу наплатната рампа Сопот и Башино село денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај. Како што информира ЈП „Македонијапат“, прекинот е поради изведување градежни активности на оваа делница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат. Од […]

Бранко Героски поднесе оставка од уредничкото место во „Слободен печат“


Бранко Героски утрово поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“, македонски дневен весник, што го покрена и го водеше пет ипол години. Во оставката, поднесена до Мирослав Јовановиќ, сосопственик и управител на „Слободен печат“ ДОО – Скопје, Героски вели дека неговата улога во покренувањето и во водењето на весникот во овие […]

Георгиев: Заев предизвика шок и го сврте тркалото, во партијата можни тивки тензии


Поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, вели дека на прв поглед, промените на сите нивоа во партијата изгледаат шокантно и без преседан во партиската историја, особено на некоја владејачка партија. „Очигледна е намерата на Заев да предизвика шок во јавноста и на тој начин да го сврти тркалото во негова и во полза на партијата. […]

Заев го враќа кај Пендаровски мандатот од Иванов?


Премиерот Зоран Заев веројатно ќе треба да побара нов мандат за формирање влада од новиот претседател Стево Пендаровски, доколку, по колективната чистка на „Бихаќска“, спроведе и потемелни кадровски промени во министерскиот состав на „Илинденска“. По седницата на Централниот одбор на СДСМ во неделата, Заев најави за почетокот на следниот месец и владина реконструкција, со која […]

Афера „Нефа мебел“: На измамените не им се исплаќа да тужат


Од вчера наутро во Државниот пазарен инспекторат постојано пристигнуваат претставки од граѓаните кои беа измамени во аферата „Нефа мебел“. Засега не се знае точната бројка на граѓани кои платиле за мебел, но останале и без пари и без стока, но до вчера попладне директорот Стојко Пауновски потпишал околу 40 претставки. Инспекторите излегоа на терен во […]

Ќе има казни за невакцинираните здравствени работници


Колку здравствени работници  одбиле да се вакцинираат со МРП-вакцина  ќе се знае кон крајот на месецот, најавува директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова,  додавајќи дека тие ќе се соочат со казни. „Доколку има здравствени работници и персонал вработен во болниците кои одбиле да се вакцинираат против  морбили, односно не ја почитувале наредбата […]

СДСМ со подновено раководство до средината на јуни -дел од сменетите ќе се вратат


Само смената на Александар Кирацовски од генерален секретар на СДСМ и назначувањето на Љупчо Николовски на оваа позиција се дефинитивни по прексиноќешната одлука на Централниот одбор за распуштање на сите партиски органи, освен носителите на функции што ги избра конгресот. За две до три недели, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави пополнување на испразнетите места, […]

Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан


Шефот на дипломатијата Никола Димитров на покана на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, денеска во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан. Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа, се наведува во соопштението на МНР, […]

Николовски: Не сум човек ниту на Заев ниту на Шекеринска


Новиот генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски вели дека негово било барањето да отстапи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -СДСМ направи длабинска анализа во претходниот период, заедно со претседателот и Централниот одбор на вчерашната седница по четиричасовна демократска и отворена дебата со огромно единство ги констатираше оставките на генералниот секретар и потпретседателите на […]

Заев: Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан


Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан и ќе ги обесхрабри сите непосакувани влијанија во регионот, рече премиерот Зоран Заев на предавањето и јавна дебата во организација на ИФИМЕС во Љубљана, на која учествуваше во рамки на дводневната официјална посета на Република Словенија. Тој […]

Царовска: Верувам во Зоран Заев, секоја промена носи свежина


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со промените во СДСМ и најавените промени во Владата, истакна дека смета оти секоја промена носи свежина и дека е добро што оваа се случува на половина од мандатот кога може да се направат пресеци. Министерката е […]