Нова комисија за помилување кај новиот претседател

Поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли ќе претседава со новата комисија за помилување во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Во претседателската резиденција вчера се одржа конститутивната седница на Комисијата за помилувања, во која, покрај Кранли, како членови влегуваат државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, државниот правобранител Фехми Стафа и претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски. Во составот на Комисијата се и универзитетскиот професор Темелко Ристевски, поранешниот судија во Врховниот суд Сафет Алиу, судијата во пензија Божин Аврамовски, лекарите Ерол Рушид и Зора Митиќ, Уранија Пировска од „Хелсиншкиот комитет“ и Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми.

Пендаровски, како што соопштија од кабинетот, посакувајќи ѝ успешна работа на Комисијата, рекол дека при изборот на членовите се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство.